Опсадна состојба во Нови Пазар, полицијата упадна во станот на терористот, се трага по неговите соработници

Вооружени полицајци и пожарникари упаднаа во станот во кој живеел терористот, објави српски „Блиц“, кој денеска со самострел рани припадник на Жандармеријата пред Амбасадата на Израел во Белград.

Имено, полицијата почнала да трага по неговите соработници и истомисленици, додека силни полициски сили почнале да пребаруваат повеќе локации во Нови Пазар, каде терористот живеел со сопругата.

Сè уште не е познато каде се наоѓа таа. Во станот влегле специјалци и пожарникари.

Последните денови двојката не била во станот што го изнајмиле, а соседите рекле дека не ги забележале.

– Искрено, тие беа тивки, ќе се поздравеа, си го живееја животот, никогаш не би помислил дека е способен да направи вакво нешто. Знам дека работел во курирска служба како доставувач на храна – рекол еден шокиран сосед на напаѓачот.

Во Белград денеска околу 11 часот терористот Милош Жујовиќ (34) го нападна жандармот пред Амбасадата на Израел, во кој напаѓачот, кој е преобратен во ислам и е вахабист, извадил самострел од чантата и пукал кон него. Тој, пак, иако тешко ранет, возвратил и го ликвидира напаѓачот.

Терористот е родум од Младеновац, но го сменил местото на живеење и живеел во Нови Пазар.

Како што пишува „Блиц“, напаѓачот работел како доставувач на храна, а соседите рекле дека тој и жена му биле тивки и „го живееле животот“.

фото: Блиц.рс

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Длабоката држава овој пат е во голема неволја ако Трамп биде избран и тие тоа го знаат! – Denesen.mk

Роберт МАЛОУН (авторот е имунолог, вирусолог, еден од најголемите светски...

Борко Ристовски: „Расадник“ ќе прерасне во модерен спортски комплекс

Руинираниот „Расадник“ ќе се преименува и ќе прерасне во...

Kanye West and Russia’s Dark Twisted Fantasy

In the (admittedly not for everyone) good old Soviet...

Нова терапија за лекување на депресија

Тим предводен од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално...