Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Кога политиката станува измама – Нова Македонија | KOLUMNI.mk

Кога политиката станува измама – Нова Македонија

  • Ако зборот нема тежина, тогаш каде се европските вредности? Каде е правото, принципот, моралниот авторитет? Каде е таа Европа што треба да биде пример?
    Ако на Македонија ѝ беше кажано „промена на името = членство“, а резултатот стана „промена на името = нови услови“, тогаш тоа не е политика. Тоа е измама. А измамата не може да биде основа за доверба. Ниту за партнерство. Ниту за заедничка иднина

Последниве години Европската Унија постојано ја повторува истата реченица: „Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внесе Бугарите во Уставот“. Тоа се кажува секој ден, на секоја прес-конференција, во секој извештај, и стана своевидна мантра – како да станува збор за нешто што македонскиот народ го заборавил, па треба постојано да му се повторува.
Но прашањето е многу поедноставно и многу поосновно: Кој кого треба да го потсети на ветувањата?
Зашто токму ЕУ беше таа што на Македонија – и тоа не на политичарите, туку на македонскиот народ – ѝ даде јасно, јавно и многупати повторено ветување со ултимативен карактер: Променете го името и вие влегувате во ЕУ.
Тоа беше „историскиот компромис“, тоа беше „болниот но неопходен чекор“, тоа беше „врата што ќе се отвори“. Така ни беше кажано. Така беше пренесено во секоја меѓународна изјава, во секое интервју, во секоја официјална европска говорница.
Македонскиот народ ја исполни својата обврска – со сè што подразбираше тоа: понижување, идентитетски удар, поколебана национална сигурност и длабока внатрешна рана, која не поминува ни денес.
Но што направи ЕУ? ЕУ го прекрши својот збор. Вратата не само што не се отвори – туку на прагот се појави нов услов, па уште еден услов, па услов на условот, па дополнителен „поглед на историјата“, па посебна „вистина“ што треба да се прифати. И сега, истите тие што го прекршија својот збор држат лекција за тоа дека „Македонија мора да биде сериозна и да го исполни ветувањето“.
Како изгледа ова во очите на обичниот човек? Како професор што му пишува единица на ученик што ги предал сите задачи, додека професорот самиот ја заборавил сопствената обврска. Како игра во која правилата постојано се менуваат, но само за едната страна. Како дијалог во кој едниот зборува, а другиот мора само да слуша и да се согласува.
Ако зборот нема тежина, тогаш каде се европските вредности? Каде е правото, принципот, моралниот авторитет? Каде е таа Европа што треба да биде пример?
Ако на Македонија ѝ беше кажано „промена на името = членство“, а резултатот стана „промена на името = нови услови“, тогаш тоа не е политика. Тоа е измама. А измамата не може да биде основа за доверба. Ниту за партнерство. Ниту за заедничка иднина.
Македонија не бара ништо што не е веќе ветено. Не бара подарок. Не бара привилегија. Бара вредностите што ЕУ ги проповеда да важат за сите исто. Ако Европа навистина ја сака Македонија во своето семејство – тоа треба да биде со почит, а не со притисок. Со достоинство, а не со условување. Со дијалог, а не со диктат. Зашто држава што еднаш може да го промени името, не може двапати да ја изгуби – душата.

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ