Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Самостресирање | KOLUMNI.mk

Самостресирање

Терминот стрес е преземен од биологијата. Кога организмот е во средина што не го загрозува неговото функционирање, тој не е во состојба на стрес. Меѓутоа, кога одредени параметри во околината се менуваат, така што организмот мора поинтензивно да се адаптира за да ја одржи својата внатрешна рамнотежа (хомеостаза), тогаш тој влегува во состојба на стрес. На пример, кога надворешната температура е оптимална, организмот не е во стрес, но ако таа драстично се намали или се зголеми, тогаш организмот влегува во состојба на стрес. Ако температурата е многу ниска, организмот го забрзува својот метаболизам за да се загрее и да спречи хипотермија. Ако температурата е значително покачена, телото почнува обилно да се поти за да се олади. Ако телото не успее да се загрее или да се олади доволно, се јавува состојба на шок, а потоа и смрт.
Оваа биолошка метафора е пренесена и во психосоцијалната сфера. Ова значи дека одредени настани во животот се означени како „психосоцијални стресори“ што ја ставаат личноста во состојба на стрес. Со други зборови, постојат одредени промени во животот или некои постојани влијанија што предизвикуваат стрес кај луѓето што ги поттикнуваат да се приспособат на овие промени.

Непријатни чувства

За разлика од биолошките параметри, кои се поставени и валидни за сите организми, луѓето се личности што се разликуваат едни од други. Во основа, луѓето не реагираат на објективни настани, туку на значењето и важноста што им ја припишале на овие настани. Ова значи дека она што е стресор за една личност може да не биде за друга. Исто така, она што е најсилен стресор за една личност може да биде благ стресор за друга личност.
Зад зборот стрес стојат нашите непријатни емоции, кои се појавуваат кога проценуваме дека е загрозено нешто што ни е вредно нам. Непријатните чувства се сигнал дека не сме адаптирани и нè поттикнуваат на една од стратегиите за адаптација. Колку е нешто поважно за нас, толку е посилно непријатното чувство.
Токму при припишувањето важност на одредени настани или животни ситуации се гледа дали лицето ќе доживее нешто како стрес и, доколку го доживее, колку силен ќе биде тој стрес. На пример, луѓето можат да го намалат стресот со отпишување на важноста на некои настани. Некои од овие техники се изучуваат на одредени курсеви по јога. Целта е без оглед на тоа што се случува, луѓето да ги одржат својот внатрешен мир и спокојство.
За разлика од опишаните луѓе, постојат и такви што го преценуваат секој неповолен настан и со тоа го зголемуваат сопствениот стрес. Во срцето на овој процес се претерано високите критериуми што лицето си ги наметнува себеси и фантазијата за катастрофа што ќе следува ако не ги исполни своите критериуми. Ова можеме да го означиме како прекумерна совесност.
Пример би биле луѓето што сакаат сè што прават да го прават совршено. Ова се перфекционисти што веруваат дека ако не направат нешто правилно, односно совршено, ќе се засрамат себеси и ќе им покажат на другите луѓе дека се неспособни. Колку повеќе лицето се стреми кон совршенство, толку повеќе време ќе потроши на дадена задача. Бидејќи имаат голем број задачи, ова ќе ги доведе до тоа да не можат да ги завршат навреме, па ќе почнат да се прогонуваат себеси за некомпетентност, неорганизираност и слично.
Луѓето што веруваат дека оние што не работат не треба ни да јадат имаат императив постојано да прават нешто. Бидејќи си забрануваат одмор и забава, кои ги дефинираат како губење време, се доведуваат во состојба на хроничен стрес преку прекумерна работа. А ако престанат да работат, се чувствуваат бескорисни, почнуваат да се презираат себеси и полека влегуваат во депресија.
Луѓе што сакаат да им угодат на сите, што не знаат како да кажат „не“, што избегнуваат конфликти, помагајќи им на сите, го губат времето што треба да си го посветат себеси, престануваат да се грижат за себе и исто така влегуваат во состојба на хроничен стрес.

Докажување на својата вредност

Веројатно најранливи се оние што имаат императив да прават сè многу брзо, бидејќи нивното забрзување го зголемува стресот и ги доведува во конфликт со „забавената“ средина. Какво е решението за оние што се туркаат до крајни граници, зголемувајќи го веќе постојниот стрес? Во повеќето случаи, тие го прават тоа за да им докажат на другите и на себеси дека вредат. Оној што се сомнева има потреба да докажува. Затоа, решението е да се отфрлат овие императиви, кои наводно ја докажуваат нивната вредност, и безусловно да се прифати нивната вредност. Ова им овозможува да се спријателат со себе, не да се прогонуваат себеси, туку да научат да се негуваат себеси. Животот е стресен и не е добро ниту за психата ниту за телото да се зголемува тој стрес.

Зоран Миливојевиќ

The post Самостресирање appeared first on Нова Македонија.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ