Шубаревиќ
Во нашите секојдневни интеракции со различни луѓе, ретко размислуваме за тоа колку емоциите на другите луѓе влијаат на нашата внатрешна рамнотежа. Сепак, невронауката има јасен одговор: многу повеќе отколку што мислиме. Феномен што експертите го нарекуваат „емоционална зараза“ објаснува како расположенијата и емоционалните состојби се пренесуваат од личност до личност речиси незабележливо.
Кога поминуваме време со луѓе што се под стрес, постојано се жалат или имаат негативен поглед на светот, нашите мозоци почнуваат да ги „отсликуваат“ овие модели на однесување, пишува „Сајколоџи тудеј“.
Овој процес не е само психолошки туку и биолошки. Благодарение на огледалните неврони и системите за одговор на стрес, телото реагира како самото да е изложено на истите околности. Со текот на времето, ова може да доведе до покачени нивоа на кортизол, зголемена анксиозност, тенденција за претерано размислување и намален фокус и мотивација. Долгорочно, последиците можат да влијаат и на физичкото здравје преку хроничен стрес. Со други зборови, нашите мозоци се приспособуваат на емоционалната средина во која живееме.
Но постои и друга страна на оваа приказна, и таа е охрабрувачка. Ако сме опкружени со луѓе што се смирени, оптимисти, мотивирани и фокусирани на личен развој, нашиот нервен систем почнува да ги усвојува токму овие обрасци. Енергијата, начинот на размислување и емоционалната стабилност стануваат „заразни“ во позитивна смисла. Нашите мозоци постојано учат не само од сопствените искуства туку и од луѓето околу нас. Затоа, изборот на нашата средина не е само прашање на општеството туку и прашање на менталното здравје. Луѓето со кои поминуваме време ги обликуваат нашите мисли, нивоата на стрес, па дури и долгорочната благосостојба.
Драгана Шубаревиќ