Успешен настап на младата пијанистка Мазнејкова во Тирана

Во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, настапи млада пијанистка Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана. Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк.

Како што информираат од Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, нејзиниот настап беше бравурозен, нежен и мајсторски, иако има само 16 години, на што публиката возврати со многу емоции. Директорот и композитор на фестивалот, Фатос Керимај, воодушевен пред публиката изјави: „Taa свири различно од сѐ што сум слушнал, јас и предвидувам блескава иднина“. Веднаш после настапот, мнозина од публиката, посакаа да се фотографираат со неа.

Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, овој месец продолжува со своите активности, веќе на 27,28 и 29 октомври подготвува  „Денови на македонска култура во Корча“.

 


Post Views:
107

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...