Александра Боризовска уште една сезона во ПАОК

Повремената репрезентативка на Македонија, Александра Боризовска, нема да ја менува клупската средина.

28-годишната ракометарка ќе продолжи да го носи дресот на грчкиот шампион ПАОК, откако со раководството на клубот од Солун се договори на нова соработка.

Боризовска во ПАОК пристигна во вториот дел од сезона 2021/22 и веднаш стана главна алка во грчкиот првак.

Искусната ракометарка во Македонија го носеше дресот на Куманово, клуб во кој ги мина сите младински категории.

Со нејзиниот матичен клуб се радуваше на две титули во домашниот шампионат и две титули во Купот на Македонија.

На интернационално ниво го носеше дресот и на хрватскиот суперлигаш Умаг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...