Црвена Ѕвезда се активира на трансфер пазарот – ангажираше десно крило од БиХ

Српскиот суперлигаш Црвена Ѕвезда за новата натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше првото засилување.

Тимот од Белград, кој во новата сезона ќе атакува на подобар пласман од претходната и ќе се обиде да се замеша во борбата за титулата, се засили со перспективниот ракометар, десното крило Никола Јелишиќ, пренесува порталот ,,SportDC”.

Станува збор за играч кој потекнува од школата на Јединство Брчко и на свои 15 години беше дел од сениорскиот тим на некогашниот шампион на Република Српска.

Талентираниот ракометар во претходната сезона го носеше дресот на Славија од Источно Сараево и со своите одлични настапи стана мета на неколку суперлигаши од БиХ и странски екипи.

Црвена Ѕвезда во новата сезона ќе има подновен тим, бидејќи од минатогодишниот состав си заминаа Мирко Ѓуровиќ (Бенидорм), Урош Симиќ (Металопластика), Никола Периќ (Раднички Крагујевац), Димитрије Јелиќ (Партизан), Андрија Алавања (Уб) и Јанко Гемаљевиќ (Тиквеш).



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еве кои 16 ракометарки ќе настапат за Македонија на првиот дуел на СП

Денеска во Скопје ќе стартува Светското младинско првенство,...

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...