Пелистерци ќе тестираат со тимот на Партизан

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер моментално во Маврово го одработува последниот дел од базичните подготовки.

По Маврово следува период во кој ќе се играат контролни средби, а потоа се патува на турнир во БиХ.

Пелистерци во текот на подготвителниот период ќе тестираат и со српскиот вицепрвак Партизан, кој во трансфер периодот осетно се засили.

Еурофарм Пелистер против амбициозниот тим од Белград ќе ги проверува силите пред настапот на традиционалниот турнир во Добој.

Овој дуел е предвиден да се одигра на 11 август, додека по четири дена, односно на 15 август, избраниците на Александар Јовиќ ќе го одиграат првиот натпревар на традиционалниот турнир во Добој, а прв ривал на македонскиот шампион ќе биде Ал Ахли.

Освен на турирот во Добој, битолскиот тим ќе настапи и на меморијалниот турнир  „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид.

Еурофарм Пелистер со полни батерии од Маврово (ФOTOГАЛЕРИЈА)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Денеска сончево, со натпросечни температури

Сончево и топло време денеска со мала до умерена...

Бугарија ќе ги објави имињата на сите Македонци со бугарски пасош

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за...