Бавно се будиме, а трети користат

Колумна на Владимир Величковски:

Како ќе ги решиме шумските пожари, особено социјалните пожари (кутрите, невидливи пензионери протестираат за некој денар, пред недостижните 78 проценти на „избраните“!), како и сложените идентитетски прашања, на удар од надвор и во земјата? Уставот, секако не е “тенко парче хартија“, најмалку дилетантски цртеж со бела креда на црна табла. Каде им е местото на децата и младите?

Видов долги редици за вадење пасош. Може и вака: кога „олеснувачите“ од „меѓународната заедница“ толку нагласено, патетичното ни искажуваат уверување дека ние сме Македонци кои говорат „на чист македонски јазик“ (без додавки) тоа звучи понижувачки со потсмешлива нелагода заради таквото „признание“ на ЕУ бирократите. Не знам колку е во ред посета на функционер од соседна земја, да се остварува со  етнички доминантно население, како во Тетово и скопски Чаир итн. и тоа единствено „на чист албански јазик.“ Каков космополитизам и оглушување од очигледната, многу конкретно исцртувана федерализација во оваа толку мала, а толку (конфликтно) поделена земја. Од идејата и желбата за градење  граѓанско и демократско општество не остана многу во животот.

Лошите услови за лекување особено негрижата за болните и секако недостатокот  на лекови не верификува како сиромашна и неорганизирана држава. Португалскиот писател Фернандо Песоа не е единствен кој забележал: „Ако не знаеме кои сме, како можеме да знаеме што поседуваме“. Тоа ќе ни го кажат оние кои направиле измени во учебникот по историја. Ние, сигурно, со предавнички потпишаните договори, зачекоривме токму во таквиот непосакуван, но трагичен епилог на национално понижувачко обезличување на македонскиот народ. Уморни, бавно се будиме, а трети користат. Колку уште понижувања и отстапки треба да голтнеме за влез во ЕУ мислејќи, како распнати на крст за доброто на децата и внуците?

Секогаш мора да има и некое алтернативно решение. Што направивме ние? Се поделивме, партиски нетрпеливо на оние кои се и оние кои се против уставните промени за почеток на преговорите за влез во ЕУ! Односите меѓу партиите се оценети како несериозна и неодговорна „политичка градинка“, но според заслугите може слободно да се рангираат многу пониско. Опозицијата, тврдо не попушта: нема да гласа за уставни измени под бугарски притисок, а власта, која не умее да разговара и да се договара ги вклучува во игра сите можни понуди, средства и начини таквите измени да бидат изгласани. И тоа во услови на реално неможен консензус. Освен ако понудата (со ветување високи државни функции) биде доволно примамлива за „патриотската“ опозиција.

Каков грд отслик на општите состојби е кога ќе погледнете како е „решена“ околината на црквата „Св.Богородица“обновена со донација и веднаш тука галијата, бетонски вкопана во коритото на Вардар, како е оставена наполовина срушена. Дилетантизам и омраза кон градот,на дело. Не можат да решат што ќе направат со опожарениот мост во центарот клучнаа сообраќајница на градот. Какво бедно чувство е кога наместо критичка мисла ќе посведочите доминантна (партиски условена) интелектуална летаргија, како и неподносливата површност и отровна пристрасност на медиумите. Посебен удел во тоа имаат партизираните аналитичари и коментатори,едни те исти кои се вртат во круг. Таквата пристрасност и безидејност, вистински „празник на безначајноста“ се прекинува со промена на каналот во оптичката мрежа. Како да им веруваш кога меѓусебно се обвинуваат за исти  криминали,или со бесмисленост: дека синовите, наследно се како нивните татковци, на пример како лошите-комуњари. Другите, надвор од било каков контекст и смисла упорно, како уцена го повторуваат барањето за бришење на оние 20 проценти за малцинството во Уставот. Процентите им го повредувале човечкото достоинство!  Колкав може да биде процентот на достоинство за направени,и со присила амнестирани злодела кои имаат продолжено дејство, како што е руинирањето на целиот институционален систем на државата?  Колку се само потценети бранителите на македонската држава од терористите во 2001 година?!  Во Карпалак не им е подигнат ниту спомен-белег, а таму каде што го има редовне е оштетуван. Државата за чисто партиска прослава на изнудениот Рамковен договор одобрила стотина илјади евра народни пари! Ни останува само еден мал горчлив кикот.Со такви коалициски уцени на „трло“ партија (со потценување ќе работеле „како  досега“) со насилничко превработување  нестручен кадар(сигурни гласачи на партијата) ја задушија функционалноста на институциите. Така одат работите кога во државата делуваат како две, или веќе три паралелни власти, во држава која за едни е мајка, а за други маќеа. Најнов пример на остро сепарирање е пречекот на косовскиот премиер (без превод) во трауматизираното тетовско Вејце (каква дрскост)! Треба да се оди до крај, многу попоготвени макар и да бидеме поразени пред членството во ЕУ (која е исправена и пред сопствени предизвици). Можеби ќе ни биде од полза отворање на локално„Училиште за креативна смеа и оптимизам“(Драго Јаншар). Токму заради фактот дека сме еден редок примерок на нефункционална и нехумана држава,со висок степен на криминал и корупција во државата:во мизерното судство и во здравството, во образованието чија содржина послушно почнале,и тоа на лошо да ја менуваат. Саша,готвач-уметник на „Пеколна кујна“ би рекол: „Да загризеш, треба да има македонски вкус.“

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...