Борбениот Охрид го сруши Бешикташ и ќе игра за трето место

Екипата на Охрид ќе игра за третото место на интернационалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ откако во последното коло од група А го совлада турскиот претставник Бешикташ со 35-32(20-17). Охриѓани имаа активен резултат и иницијатива во првото полувреме кое го завршија со предност од три разлика, 20-17. Во второто полувреме Охрид го продолжи својот победнички поход, разликата ја дуплираше до 40 минута, а до крајот на натпреварот успеа да одолее на турскиот налет.

Бешикташ го отвори резултатот, но домаќинот со два гола во низа го презема водството. Турците успеаа да се вратат во игра и да дојдат до „плус два“ на средина на првиот дел. Последните десет минути им припаднаа на домаќините, со цврста одбрана и неколку одбранети удари на голманот Бркиќ ја вратија предноста, а на полувреме заминаа и со три гола предност (20-17).

Слично како и на почетокот на првото полувреме, во второто Бешикташ со два гола ја намали разликата од првите триесет минути. Охриѓани успеаа дури од третиот обид, во 33 минута преку Сафранко. Како по нотите од првото полувреме, во продолжението повторно Охрид создаде предност со низа од три погодока, благодарение на добрите интервенции на голманот Ѓоргевски кој влезе на почетокот на вториот дел. Во 37. минута Бојаниќ ги постави првите „плус четири“, 23-19.

Во 39 минута Дрогришки заработи директен црвен картон по еден старт над Цветко, но тоа не ги промени работите на терен. Охрид продолжи со доминацијата, а разликата продолжи да се зголемува до високи „плус шест“ 26-20 на истекот на 41. минута.

Низ средината на второто полувреме Бешикташ успеа да намали два гола од високата разлика, но расположената бековска линија предводена од Сафранко и Орјоникидзе продолжи да го полни турскиот гол.

Турскиот претставник се разбуди во финишот на натпреварот, па секоја грешка или промашување ја казнуваше. До 53. минута ја намали разликата на три голови, 32-29, а имаше неколку шанси комплетно да ја врати неизвесноста на овој дуел. Охриѓани на голот го имаа искусниот Ѓоргески кој не дозволи изненадување во последните минути од дуелот.

Во последните две минути од дуелот Охрид влезе со два гола предност, а Гоце Ојлески на 90 секунди до крај од пенал линијата ја обезбеди победата за домаќините и зголеми на недостижни 35-32. Резултат кој остана до самиот крај.

Во утрешната програма Бешикташ против Металопластика ќе игра за петтата позиција, додека Охрид ќе се бори за третото место против Татран Прешов. Финалето е закажано во вечерниот термин во спортскиот центар „Билјанини Извори“, а ќе настапат Еурофарм Пелистер и Олимпијакос. Програмата започнува во 11 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај...