Во меч кој решаваше за пласман во „малото финале“, Охрид одигра како што планираше, да победи и да им донесе радост на навивачите на трибините во „Билјанини Извори“. Хрватот Сафранко одлично се вклопи во тимот и со седум гола беше предводник на прецизната бековска линија на домаќините кои со 35-32 го победија Бешикташ. Половина од головите на Охрид ги постигнаа Сафранко, Шешиќ и Орјоникидзе, но и сите други имаа свој придонес во триумфот.
Во мечот за трето место Охрид утре ќе игра против Татран.