ЃОРЧЕ КУП 2023: Македонско-српските двобои за Бекамент и Црвена Ѕвезда

Со одиграните четири натпревари заврши вториот натпреварувачки ден на женскиот турнир „Ѓорче Куп 2023“ во организација на македонскиот шампион Ѓорче Петров.

По победничкиот старт, домаќинот Ѓорче Петров загуби од Црвена Ѕвезда со 29-27, иако имаше водство со 5-1, а водеше и на полувреме со 14-13.

Сепак следуваше пресврт во вториот дел и Србинките предводени од Мајкиќ со девет и Глушица со седум гола успеаја да слават. Кај Ѓорче Петров се истакнаа Дамјаноска, Ризоска и Јанкуловска со по шест погодоци.

Во македонско-српскиот двобој меѓу Вардар и Бекамент Буковичка Бања, поуспешни беа гостинките кои славеа со 35-29, откако и на паузата водеа со 20-18. Кај вардарки по седум гола дадоа Трпевска, Василева и Стефаноска.

Турнир Ѓорче Куп, резултати, второ коло:

Бор – Панорама 27-33
ПАОК – Железничар 28-29
Вардар – Бекамент 29-35
Ѓорче Петров – Црвена Ѕвезда 27-29



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Никој досега не успеал да ѕирне во погоните каде што се прави „Нутела“

Слатките по кои цел свет „полуде“ се дело на...

Крунисани шампионките: Ѓорче му даде 43 гола на Астибо

Ракометарките на Ѓорче Петров одиграа уште еден рутински...

Нетфликс ќе снима филм за Јелена Карлеуша

Една од најголемите српски ѕвезди Јелена Карлеуша ќе зборува...

Пол Мaкартни стана првиот британски музичар милијардер

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер, според листата...