Еурофарм Пелистер загуби од Металопластика Шабац со 27-26 во третото коло од турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, но и покрај тоа ќе игра во финалето. Левиот бек Урош Борзаш не е задоволен од изданието на неговиот тим и вели дека победа добро би дошла за самодовербата. Српскиот репрезентативец додава дека играта на битолчани мора да се крене уште нивоа погоре пред стартот на Лигата на шампионите. Целосната изјава на Борзаш погледнете ја во видео прилогот….