На генералната проба пред почетокот на домашното првенство и ЕХФ лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер повторно одигра со падови и подеми, и битолчани во резултатски не толку важен за нив натпревар загубија со 26-27 од Металопластика. Повеќе загрижува играта и осцилациите во играта, а Металопластика им покажа кои се нивните слаби точки во играта и одбраната. И покрај поразот Еурофарм Пелистер ќе се бори за трофејот на второто издание на турнирот „Крсто Андоновски“ утре против Олимпијакос.
Македонскиот првак се подготвува за одбрана на титулата во првенството и настапот во ЕХФ лигата на шампионите, на 13 септември со Колштад. Во меѓувреме треба да излезат на мегдан и со Вардар во домашниот Супер Куп