Брзај, брзај прваче: Овде учениче, онде празно столче

Иселувањето е еден длабоко загрижувачки феномен што сериозно ја има зафатено Македонија и тешко дека некој ќе успее да го сопре без да се направат сериозни резови во кои навистина ќе се задоволат потребите на граѓаните, а не само на владејачките касти, без разлика кој е на власт. Сѐ додека политичарите се грижат само за себе и за своите најблиски, не водејќи воопшто грижа да направат комплетен ресет на општеството во кое ќе владеат правото и социјалната правда, во кое граѓанинот ќе биде на прво место, а не личните и теснопартиските интереси на оние што владеат во наше име, тешко дека некој ќе го сопре бранот на иселеници

Денеска треба да започне новата учебна година, ден што идните првачиња ќе го паметат за цел живот. Но се чини сликата што денеска ќе се пренесе од училишните коридори нема да биде толку весела, туку напротив, ќе биде со многу сиви тонови. Настрана веќе добро познатите проблеми околу хаосот во основното, па и во средното образование, околу наставните програми за кои никој не знае што и како носат и уште повеќе – како ќе се реализираат, настрана хроничниот недостиг од учебници за кој надлежните уверуваат дека е надминат, а колку и како ќе видиме на дело, настрана несоодветните услови во голем број од училиштата, се чини дека најголемиот проблем е сѐ помалиот број првачиња што се запишуваат во нашите основни училишта.

Проблем што тлее со години, а надлежните, освен што констатираат дека бројката на новозапишани ученици во основните и во средните училишта константно се намалува, не преземаат ништо, за барем да нѐ залажат дека ваквата ситуација ги загрижува.
А податоците од теренот се застрашувачки. Според првичните бројки, надлежното министерство констатирало дека годинава има нешто повеќе од 18.000 првачиња, но, ако е некаква утеха, тие очекувале бројката да се промени.

„Според податок од почеток на месецов се запишани 18.142 ученика во прво одделение, но целосна бројка ќе имаме на крајот на септември до кога училиштата имаат обврска да ни пратат финални извештаи за запишани ученици“, информираат од Министерството за образование и наука. Ако се спореди оваа бројка со ланските првачиња, ќе се види дека годинава на државно ниво тие се за речиси 2.500 помалку. Точно е дека до крајот на септември треба да ги добијат списоците од сите училишта, но покрај дополнително запишаните, не е исклучена можноста да се појават и дополнително отпишани, како што веќе се случувало.

Впрочем и бројките од теренот ги потврдуваат стравувањата. Во Струмичко, годинава во четири населени места – Раборци, Попчево, Габрово и Мемешли, според последните податоци од месец мај, нема запишани ученици во прво одделение. Во трите струмички средни училишта бројот на средношколците е речиси преполовен, односно се запишале 670, а остануваат слободни места за уште 555 ученици. Се намалува бројот на запишани првачиња во охридските и во струшките основни училишта. Новата учебна година е на прагот, а досега се запишани 445 првачиња и е за 94 ученици помалку споредбено со лани кога биле запишани 539. Во новата учебна 2023/2024 година во основните училишта во Велес и во населените места во општината во прво одделение се запишале вкупно 424 првачиња, што е за 49 помалку споредено со изминатата учебна година кога биле 473 првачиња. Бројот на првачињата опаѓа и во струшките училишта. Само ова година се запишани педесетина помалку, или 496 првачиња, а лани биле 548, покажуваат податоците на Општина Струга. За стотина е намален бројот на запишани првачиња во новата учебна година во 10-те основни училишта во Прилеп…

И вака можеме да набројуваме до бесвест.

Причините за намалувања на бројката, како што посочуваат експертите, се иселувањето и намалениот наталитет. И тука доаѓаме до клучното прашање – што можеме да сториме како држава за да го сопреме овој тренд, затоа што ако вака продолжи ќе се испразни државата.

Иселувањето е еден трагичен феномен што сериозно ја има зафатено Македонија и тешко дека некој ќе успее да го сопре без да се направат сериозни резови во кои навистина ќе се задоволат потребите на граѓаните, а не само на владејачките касти, без разлика кој е на власт. Сѐ додека политичарите се грижат само за себе и за своите најблиски, не водејќи воопшто грижа да направат комплетен ресет на општеството во кое ќе владеат правото и социјалната правда, во кое граѓанинот ќе биде на прво место, а не личните и теснопартиските интереси на оние што владеат во наше име, тешко дека некој ќе го сопре бранот на иселеници.

Ако порано Македонија била земја на печалбари, односно луѓето заминувале во странство во потрага по заработувачка со која потоа би се вратиле назад за да си обезбедат поквалитетен и поспокоен живот, сега новите генерации се иселуваат трајно, но она што е уште позагрижувачки е фактот дека заминуваат и семејства што се овде добро ситуирани, кои имаат пристојни услови за живот. Тоа зборува дека не се финансиите главниот мотив да се замине надвор, туку тоа се условите за живот, кои не може секој да ги поднесе, односно да се снајде во нив.

Што се однесува до наталитетот и тоа прашање е тесно поврзано со претходното, бидејќи ако младите луѓе не чувствуваат сигурност во својата иднина во Македонија и шанси за просперитет, тешко дека ќе се одлучат за создавање повеќедетни семејства. За жал, и оние што се решаваат да родат, најчесто се ограничуваат на едно или најмногу две деца, и тоа дополнително ѝ дава сив тон на сликата на нашето секојдневие.

Се разбира, власта, согледувајќи ја ваквата ситуација, се обидуваше и во минатото со некои површни методи да се обиде да ја надмине, но не се направи сериозна анализа на состојбите и не се најде на коренот на проблемот, па колку и да е тој болен. Време е за преземање сериозни мерки за надминување на состојбата. Сѐ додека така се однесуваме кон нашата иднина, ќе ги имаме истите овие резултати и само со жалење ќе констатираме дека бројката на ученици од година на година ќе се намалува.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...