Цехте: Потекнувам од балканска школа, затоа овој ракомет ми е поблизок

Битолски Еурофарм Пелистер по 18 години повторно ќе игра во ЕХФ лигата на шампионите, и тимот склопува тим што ќе игра меѓу најдобрите 16 екипи во Европа. Пелистерци имаат спој на искусни и млади играчи, на интернационалци од различни ракометни школи. Еден од новаците во тимот е Словенецот Нејц Цехте.

Тој во кариерата има настапувано во Горење Велење, Хановер, ГОГ Гудме каде лани стигна до четврт-финалето на лигата на шампионите. Но, некако повеќе му лежи овој „балкански ракомет“. Пред трансферот во Битола лани беше поврзуван и потврден од Вардар, но откако скопјани не добија дозвола за настап тој замина за Данска.

“Тука полесно се разбираме. Данскиот и скандинавски ракомет е поинаков, побрз и повеќе се трча. Јас потекнувам од таа балканска школа, и затоа овој ракомет ми е поблизок, вели Цехте за 24ракомет.

Битолскиот тим ја заврши фазата на подготвки во Маврово, почна да игра и контролни средби. Словенецот верува дека брзо ќе бидат подготвени и воиграни.

„Сега сме тука десетина дена, повеќе работевме на физчки припреми, полека и ракомет. Преку тренинг и турнирот во Добој ќе добиеме слика. За брзо ќе бидеме спремни, квалитетот што го имаме само треба да се вклопи, вели Цехте.

Целото интервју со Нејц Цехте можете да го погледнете тука…

Цехте за 24РакометТВ: Само да нема повреди – ќе освоиме се што е замислено (ВИДЕО)

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена, Миленковска ќе игра против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Полски клуб пред финансиски колапс!

Според пишувањата на „sport.tvp.pl“ тимот на Тарнов во...

Дневен хороскоп за петок, 21-ви јуни 2024-та

ОВЕНСтранично влијание може значително да го попречи вашиот напредок...