Дали 40 години ќе се прави патот Кичево – Охрид?

Македонија е полна со легенди. Една од најновите е патот Кичево – Охрид. Се прераскажува меѓу народот од година во година и сите го чекаат неговото изградување, како прицезата што го чека принцот на бел коњ – во една друга легенда.

Овој пат не се чека бел коњ, туку се чекаат многу работници и жолтеникави булдожери, камиони…  Власта упорно вели: почекајте, кај и да е готова е работата.

– Завршена е приказната на седнување по кафеани и договарање дали можат да добијат уште година дена. 31.12.2023 е крајниот рок во кој моите сограѓани од Охрид ќе може да патуваат за Скопје по автопатот Кичево-Охрид. Сите изведувачи имаат краен рок тоа да го направат, неодамна беше категоричен министерот Фатмир Битиќи.

Ќе биде ли овој пат навистина така, оти многу ветувања и датуми (како и ЕУ на Македонија) се дадоа и до сега?

Деновиве можеше да се види чат-пат по некој работник и механизација на раскопаните траси. Дали тие се доволно и дали го држат потребното работно темпо за да се постигне рокот не е познато.

Познато е дека почеток на градбата на патот му беше уште во 2014 година кога беше кажано дека делницата ќе биде долга 57 километри, а дека ќе чини 375 милиони евра со рок на градба до 2018 година. Но, по промената на власта во државата во 2017 година, според образложението на надлежните институции, поради пропусти во проектирањето, со анекс на Договорот рокот беше продолжен 30 јуни 2021. Но, и тој рок не беше испочитуван па следеше ново одлагање, но и зголемување на цената на изградбата – на цели 598 милиони евра.

По сето ова, дури и ова прашање почнува да е логично: Дали сообраќајниот знак од фотката направена на делницата значи дека патот ќе се прави 40 години?

А крајно логичното прашање е: Зошто до сега не се направи и пушти во употреба барем делот од трасата кој е во рамниот (и веќе истрасиран) дел пред самиот Охрид? Барем тие 15-тина километри можеа и мораше до сега да ги завршат.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓиевска: На ЕП да покажеме дека македонскиот ракомет се враќа на високо ниво

Женската репрезентација на Македонија ќе игра против Унгарија,...

Магдебург го бара Вулф, ама ќе треба да го „одврзе ќесето“

Германскиот Магдебург е заинтересиран во своите редови да...

Цирар: Покажавме дека може да се надигруваме со Еурофарм Пелистер

После победата над Струга во „Езерското дерби“, ракометарите...

Ред партиски митинзи – ред работнички протести, министрите каде одат почесто?

Изборната кампања зоврива, но зовриваат и проблемите на граѓаните....