Од Куманово се пресели во Црвена Ѕвезда

Екипата на Црвена Ѕвезда во сезоната што претстои влегува со многу промени во играчкиот и стручниот штаб.

Српскиот суперлигаш во новата сезона ќе биде предводена од новиот тренер Антон Букилиќ, кој на тренерската функција ќе го замени екс тренерот на Пелистер, Ратко Ѓурковиќ.

Клубот ќе има пет нови играчи, дел од нив во минатата сезона настапуваа во македонската елита.

Освен довчерашниот голман на Скопје, Никола Радовановиќ, дресот на Црвена Ѕвезда ќе го носи и црногорскиот интернационалец Немања Ѓурашковиќ.

Екс младинскиот репрезентативец на Црна Гора во вториот дел од минатата сезона беше дел од тимот на Куманово и солидните партии во македонскиот шампионат му овозможија трансфер во клубот од Белград.

Во Црвена Ѕвезда освен Радовановиќ и Ѓурашковиќ, пристигнаа и Борислав Утра од Динамо Панчево, Александар Павловиќ од Дубочица, Милош Ковачевиќ од Зрењанин и Никола Јелисиќ од Славија – Источно Сараево.

Црвена Ѕвезда во изминатата сезона во српскиот шампионат заврши на 7. позиција на табелата и не успеа да обезбеди настап во плеј-оф фазата.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...