Дали Заев ќе му одговори на пријателот Борисов околу „гневот“?

Од Бугарија кон Македонија од вчера почнаа да се редат само закани. Те европратеникот Ангел Џамбаски му објаснуваше за атентатот на југословенски крал на македонскиот претседател Стево Пендаровски кого воедно и го навредуваше, те се споменува ново вето, а последно е од поранешниот премиер Бојко Борисов и кажа на Македонија дека ќе го почувствува „бугарскиот гнев“.

Најстрашното на Балканот е да ги налутите Бугарите. Нашиот гнев не е безопасен. Нашата љубов кон вас како држава е огромна, но и гневот ни е тежок. Македонија ќе го искуси, ако властите брзо не си ја завршат работата и не ги казнат виновниците, рече Борисов на средбата.

Што би можело да биде направено како израз на гневот од бугарската страна кон Македонија Борисов не кажа. Ама се сеќаваме дека многу убаво зборуваше за пријателство и разбирање кога заедно со Зоран Заев го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Тогаш, на 1 август 2017 година Борисов и Заев се гушкаа, задоволно се смееја… и колнеа во меѓусебното и во пријателството меѓу двете држави.

-Затворивме прашање со кое го трасиравме патот на пријателството и добрососедството. Договорот го отвора патот за соработка и развој на двете држави и е модел за соработка во регионот и пошироко. Бугарија со ова станува сојузник на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, нагласуваше тогаш Зоран Заев.

А и Борисов не штедеше зборови.

-Договорот е од исклучително значење. Тоа ќе нè направи силни, независни и значајни. Не залудно рекле, ако гледаш назад, ќе се сопнеш и ќе паднеш. Затоа решивме да гледаме напред, изјави Борисов.

Ама еве сега Борисов друго зборува. Се чини во моментот тој не гледа напред. 

Дали ова го вознемири поранешниот македонски премиер Заев? Ќе му одговори ли нешто на пријателот од Софија? Редно е Заев да се вклучи и да ја смирува работата, нели се фалеше дека еднаш тоа му успеало и се договорил за трајно пријателство со Бугарија? 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Се ребрендираше Универзитетот Скопје – METRO.mk

Светски признанија, домашни награди, стипендии, магазин за успешните луѓе...

Пелистерци тренираа пред Кил, се посакува изненадување против „зебрите“ (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија официјалниот...

Билик: Не сакаме да бидеме тимот што ќе се „сопне“ во Битола

Ракометарите на Кил утре против Еурофарм Пелистер...

Претседател на фудбалски клуб убиен по загубен меч

Колумбискиот фудбалски второлигаш Тајгрес соопшти денеска дека клупскиот претседател...