Дебитантот во играта на нерви го надигра Прилеп

Дебитантот на свој терен во Автокоманда успеа да освои важна победа во плеј-аут фазата, во неизвесен натпревар триумфираше против тимот на Прилеп со 34:33 и се вклучи во борба за 2. позиција на табелата.

Првиот дел мина доста ефикасно, до 20 минута од натпреваро беа постигнато вкупно 30 погодоци. По играта гол за гол во воведните десет минути, односно по нерешените 10:10, домаќинот преку разиграните Костовски, Димевски и Димитар Узунчев стигна до 15:10. Сепак, одличната игра на дебитантот траеше краткорочно, бидејќи момците на Божидар Мојсов на седум минути пред крајот од првото полувреме направија комплетен пресврт.

Прилеп со ефикасно расположениот Рајатоски, погоди шест пати во првиот дел, успеа да го сврти резултатот во своја корист, победувајќи со 17:16. Голема заслуга за камбекот на гостите имаше и голманот Ангелески, кој фати неколку топки во моментите кога неговиот тим се обидуваше да се врати во игра. Во периодот од 25 минута, па до паузата, двете екипи наизменично се менуваа во водство, а по 30 минути игра резултатот беше 20:19 во корист за гостите.

Во второто полувреме продолжи надигрувањето на двете страни, ниту една од нив до 50 минута не можеше да создаде поголема предност од еден гол. Во 40 минута беше нерешено, 23:23, а пет минути подоцна, односно во 45 минута, левото крило на Мулти Есенс, Михајло Костовски го постави 20-то изедначување на натпреварот, 26:26.

Составот на Бочкаровски во 50 минута успеа да се одлепи на плус три, 30:27, но Прилеп не се предаваше, во 55 минута преку Шабановиќ намали на 30:29 и до крајот секоја акција беше важна за двата тимови. Квастек со својот 4-ти гол му донесе израмнување на Прилеп, 31:31, а во играта на нерви, домаќините беа повеќе пофокусирани, на минута пред крајот, при предност на домашниот тим од 33:32, бекот Рајатоски не успеа да го совлада голманот Ерманоски, па така славјето кај домаќините можеше да започне.

Најефикасен во победничката екипа беше Давид Димевски со девет погодоци. Во поразениот табор Пеце Рајатоски со десет погодоци ја предводеше листата на стрелци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Лисичков и Зајков искомбинираа 18 гола, Астраион падна во Гевгелија

Екипата на Партизан пред својата публика со пресврт...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ… Грузиецот чија интернационална кариера започна од Македонија

Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе по пауза од пет...

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...