ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Пелистерци на поправен против Слога Добој

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денес го очекува нов дуел на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Втор ривал на избраниците на Александар Јовиќ ќе биде домаќинот Слога Добој, кој на стартот беше убедливо поразен од Монпелје со 44:20.

Битолскиот тим токму против Слога Добој ќе ја брка првата победа на традиционалниот турнир, откако вчера доживеа пораз од актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли, со 34:23.

Египетскиот шампион предводен од екс тренерот на Вардар, Давис Дејвис, силите ќе ги одмери со Монплеје.

Во текот на денешниот ден ќе има уште два возбудливи дуели. Со почеток од 17:20 часот ќе играат Барселона и хрватскиот шампион Загреб, додека во терминот од 19:10 часот свој дуел ќе имаат Војводина и Целје.

Распоред на денешните натпревари на ТВ турнирот на шампионите во Добој:

15:30 СЛОГА ДОБОЈ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

17:20 БАРСЕЛОНА – ЗАГРЕБ

19:10 ВОЈВОДИНА – ЦЕЛЈЕ

21:00  МОНПЕЛЈЕ – АЛ АХЛИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...