ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува ТВ турнирот на шампионите во Добој

Денеска стартува 54. издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој, со еден натпревар што ќе биде одигран од 21:15 часот.

По свеченото отворање што е планирано за 20:30 часот, ќе следува натпреварот меѓу домаќинот Слога и францускиот Монпелје.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од утре ќе ги стартува натпреварите, а прв ривал му е египетскиот Ал Ахли.

На 16 август битолчани ќе играат со Слога Добој, на 17 август против Монпелје, а на 18 август ќе биде дуелот за пласман.

Во групата Б се Загреб, Војводина, Барселона и Целје.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

21:15 СЛОГА ДОБОЈ – МОНПЕЛЈЕ

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Суперлигашките возбудувања се враќаат на сцена

По Ф4 турнирот во Купот на Македонија, од...

Саздовска и Мицевска прославија пласман во романската елита!

Македонските репрезентативки Јована Саздовска и Јована Мицевска имаа...

Чупиќ кажа крај: Имам тежок карактер, фала на сите што ме трпевте!

Некогашниот вардарец Иван Чупиќ во четврток против Нексе...

Босански репрезентативец го засили Бутел Скопје!

Тимот на Бутел Скопје почна да го составува...