ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Суперлигашки возбудувања во Струга, Скопје и Куманово

Откако вицепрвакот и Скопје ја отворија новата сезона во Супер лигата, денес ќе продолжат возбудувањата во најквалитетното натпреварување во Македонија. На денешната суперлигашка програма ќе има четири дуели, по два од групата А и Б.

Со почеток од 17:00 часот во салата при СОУ „Нико Нестор“ домаќинот Струга ќе го пречека амбициозниот Охрид. Стружани ќе се обидат со помош од трибините да дојдат до поволен резултат и со победа да ја започнат новата сезона.

Тимот предводен од Стевче Алушовски ќе треба максимално да одработи, бидејќи Струга секогаш давала отпор на домашен терен. Двата дебитанти во Супер лигата, Мулти Есенс и Аеродром, во првото коло ќе играат против Голден Арт, односно Куманово.

Мулти Есенс и Голден Арт, клуб кој веќе има суперлигашко искуство, силите од првиот меѓусебен дуел ќе ги одмерат во Автокоманда, со почеток од 17:30 часот.

Аеродромци во дебито во Супер лигата ќе бидат гости во Куманово кај истоимената екипа. Овој дуел ќе се игра во салата при СОУ „Перо Наков“, со почеток од 19:00 часот.

Вардар Неготино, кој во ланската сезона преку бараж дуел обезбеди опстанок, му гостува на Пролет. Ракометарите на Алексо Лебанов се големи фаворити против тимот од Неготино и се очекува да имаат победнички старт.

Дуелот меѓу Пролет и Вардар Неготино ќе стартува со почеток од 18:30 часот во спортската сала „Македонско Сонце“.

Низ Европа ќе се одиграат голем број дуели, настап ќе имаат и дел од македонските интернационалци.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ХИФК – СПОР ТОТО (ЕВРОПСКИ КУП)

15:00 ГОГ – РИНГШТЕД (ДАНСКА)

15:00 СТИНТА – ТАРГУ (РОМАНИЈА)

16:00 БИСТРИЦА – КРАЈОВА (РОМАНИЈА)

16:00 ДУНАРЕА БРАИЛА – ЗАЛАУ (РОМАНИЈА)

16:00 КРАСНОДАР – ДИНАМО (РУСИЈА)

16:00 БЕШИКТАШ – ДОНБАС (ЕВРОПСКИ КУП)

16:00 КОЛДИНГ – СОНДЕРЈУСКЕ (ДАНСКА)

16:00 ФТЦ – МЕЦ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

16:00 ИКАСТ – КРИСТИЈАНСАД (ЛШ)

16:00 КОБЕРЖИЦЕ –  ЕЛБЛАГ (ПОЛСКА)

16:00 МАЛМЕ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)

16:10 ФРЕДЕРИЦИЈА- СКЈЕРН (ДАНСКА)

16:30 МИОВЕНИ – МАГУРА (РОМАНИЈА)

16:45 БИДАСОА – БАРСЕЛОНА (АСОБАЛ)

17:00 БАЈА МАРЕ – БРАШОВ (РОМАНИЈА)

17:00 ЈЕНИМАХАЛ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)

17:00 СТРУХА – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)

17:00 КОКА – ПОДРАВКА (ХРВАТСКА)

17:00 НОВЕ ВЕСЕЛИ – ПЛЗЕН (ЧЕШКА)

17:30 МУЛТИ ЕСЕНС – ГОЛДЕН АРТ (МАКЕДОНИЈА)

18:00 ТАТАБАЊА – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)

18:00 БЕРХЕМ – ФАЈВЕРС (ЕВРОПСКИ КУП)

18:00 ДЕБРЕЦЕН – САВЕХОФ (ЛШ)

18:00 ЗАГЛЕБИЕ ЛУБЛИН – ЉУБЉАНА (ЛШ)

18:00 ЧСМ БУКУРЕШТ – ОДЕНСЕ (ЛШ)

18:00 КОПРИВНИЦЕ – МАЛОМЕРИЦЕ (ЧЕШКА)

18:00 ПУЕРТО САГУНТО – ТОРЕЛАВЕГА (АСОБАЛ)

18:00 ЦЕЛЈЕ – ТРЕБЊЕ (СЛОВЕНИЈА)

18:15 ЛАРРВИК – СОЛА (НОРВЕШКА)

18:30 ПРОЛЕТ – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)

19:00 КУМАНОВО – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 МЕРАН – ПАНЧЕВО (ЕВРОПСКИ КУП)

19:00 ГРАДЕЦ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)

19:00 КРКА – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 ЉУБЉАНА – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)

19:00 РИБНИЦА – ГОРИЦА (СЛОВЕНИЈА)

19:00 БАЛИНГЕН – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ГЕПИНГЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС ЛИГА)

19:00 ДУБРАВА – КАШТЕЛА (ХРВАТСКА)

19:00 МЕТКОВИЌ – РУДАР (ХРВАТСКА)

19:00 НЕКСЕ – КРИЖЕВЦИ (ХРВАТСКА)

19:00 СЕСВЕТЕ – КАРЛОВАЦ (ХРВАТСКА)

19:00 АЈАКС – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)

19:15 ЛОВОСИЦЕ – БРНО (ЧЕШКА)

19:30 СИНФИН – БЕНИДОРМ (АСОБАЛ)

19:30 ТРОГИР – ОСИЈЕК (ХРВАТСКА)

20:00 ПОРЕЧ – ВИНКОВЦИ (ХРВАТСКА)

20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ТУЛУЗ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)

20:30 ДИЖОН – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)

21:00 КУЕНКА – АНАИТАСУНА (АСОБАЛ)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...