Стартува женската eвропска елита – Македонија со еден претставник

Денес со натпреварите меѓу Ференцварош и Мец, односно Икаст и Кристијансад, стартува новата сезона во Лигата на шампионите во женска конкуренција.

И во годинешното издание од женската елита вкупно ќе има 16 тимови, меѓу нив и  еден дебитант, екипата на Заглебје Лубин од Полска. Повратници во елитата се ланскиот шампион од Лигата на Европа, Битигхјам, потоа Икаст, кој во минатата сезона го освои второто место во второто по ранг европско натпреварување, и угарскиот Дебрецен.

Клубот од Унгарија во сезона 2010/11 последен пат настапи во европската елита и цели 12 години чекаше за камбек меѓу најдобрите европски клубови.

Од Балканот стандардни учесници во Лигата на шампионите се Будуќност од Црна Гора и Крим Меркатор од Словенија. Во оваа сезона Хрватска нема да има свој претставник во најквалитетното европско натпреварување.

Данска и Унгарија во годинешното издание имаат по три претставници , потоа Франција и Романија по два, додека со по еден тим се застапени Норвешка, Шведска, Германија, Полска, Црна Гора и Словенија.

Македонија од сезона 2018/19 нема учесник во Лигата на шампионите, откако некогашниот дрим тим на Вардар се распадна. Во оваа сезона претставник од Македонија ќе биде екс ракометарката на Металург, Ива Младеновска, која во летниот период направи трансфер во Брест Бретањ.

Лига на шампиони, жени, сезона 2023/24:

Група А: Оденсе, Ѓер, Савехоф, Битигхајм, ЧСМ Букурешт, Брест Бретањ, Дебрецен, Будуќност

Група Б: Рапид Букурешт, Мец, Вајперс Кристијансад, Крим, Ференцварош, Есбјерг, Икаст, Заглебје Лубин

Распоред на денешните натпревари:

16:00 Ференцварош – Мец

16:00 Икаст – Кристијансад

18:00 ЧСМ Букурешт – Оденсе

18:00 Дебрецен – Савехоф

18:00 Заглебје – Крим

Ланската сезона, во големото финале на Ф4 турнирот во Будимпешта, норвешкиот шампион Вајперс Кристијансад го совлада Ференцварош и дојде до трета европска титула во низа.

Учесници на Ф4 турнирот во минатата сезона освен Вајперс Кристијансад и Ференцварош, беа уште Ѓер и Есбјерг.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷Војводина си направи малер – предвреме „прослави“ трофеј

Тимот на Партизан ја шокираше Војводина и го освои...

Хансен се враќа на терените – ќе биде спремен за двомечот со Веспрем

Легендарниот дански репрезентативец Микел Хансен моментално отсуствува од...