Денеска стартува младинскиот Мундијал во Скопје – ќе има вкупно 116 натпревари!

Денеска во македонската престолнина ќе стартува Светското младинско првенство во женска конкуренција, на кое освен Македонија, ќе учествуваат уште 31 држава.

Актуелен бранител на титулата на младинскиот Мундијал ќе биде репрезентацијата на Норвешка, која пред две години, односно во 2022, во финалето славеше над Унгарија со два гола разлика, 31:29.

Тогаш на Светското првенство во Словенија бронзата ја освои репрезентацијата на Холандија со високата победа против Шведска, триумфираше со 31:20.

Еден од главните фаворити за освојување на титулата ќе биде Јужна Кореја. Азиската земја пред две години, со истата генерација на ракометарки, тогаш како кадетки, се радуваше на златото на Светското кадетско првенство, кое исто така се одржа во Скопје.

Македонските љубители на ракометот до 30 јули низ 116 натпревари ќе имаат можност на дело да ги видат квалитетите на идните светски ѕвезди во женскиот ракомет.

Ракометарките на Македонија се наоѓаат во група со репрезентациите на Ангола, Исланд и САД. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза.

Избраничките на Дарко Јанев првиот натпревар ќе го одиграат вечерва од 20:15 часот против САД, потоа на 21 јуни играат против Исланд, а последниот дуел од групната фаза ќе го имаат со репрезентацијата на Ангола на 22 јуни.

Домаќини на најдобрите светски младински репрезентации ќе бидат СЦ „Борис Трајковски“ и двете сали во СЦ „Јане Сандански“.

*Сите натпревари од прелиминарната рунда, нашата репрезентација ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Филипче – најдобриот подарок од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ – Denesen.mk

Дарко ЈАНЕВСКИ Пред само една недела, во гостување во емисијата...

Претставена забранетата верзија на албумот „Битанга и принцеза“ на „Бјело дугме“

Најголемата дискографска куќа во регионот „Croatia Records“ ја претстави...

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе...

Министерот за спорт Борко Ристовски пушти во употреба ново спортско игралиште во Василево

Денес, министерот за спорт Борко Ристовски, на покана на...