Динамо Букурешт стана шампион на Романија

Динамо Букурешт ја одбрани шампионската титула во романскиот шампионат на две кола до крајот.

Тимот предводен од Чави Пасквал славеше против Клуж со убедливи 15 гола разлика, 41-26 и сега е недостижен на првото место.

По киксот на Констанца која загуби на гости кај Темишвар со 22-21, Динамо остана на врвот со 70 бода по 24 меча, додека Констанца е втора со 58.

На мечот со Клуж, сите ракометари во тимот на Чави Пасквал се запишаа во листата на стрелците, а најдобар беше екс вардарецот Анте Кудуз со седум гола.

Сега Динамо Букурешт ќе може да се посвети на дуелите од Лигата на Европа, а во јуни ќе се надева на вајлд карта за следната сезона во Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пелистерци не блескаа, но ја скокнаа првата Куп пречка

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување...

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло против Еурофарм Пелистер

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло, ростерот си го направи своето

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Ангеловски: Играчки сме катастрофа, ќе мора подобро доколку сакаме трофеј

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и...