Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи правдата на финалето во Лигата на шампионите во машка конкуренција да ја дели најдобрата судиска двојка од Македонија – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски. Во финалето на Ф4 турнирот во Келн играа Барселона и Алборг, титулата, ја освои каталонскиот гигант, а од европската ракометна куќа објавија специјално видео со целата комуникација меѓу македонските судии. На видеото во продолжение погледнете како Николов и Начевски го водеа годинешното финале од европската елита…