Екс вардарецот Оцвирк потпиша за клуб од Унгарија

Словенечкиот интернационалец Грегор Оцвирк , кој во својата интернационална кариера има настапувано за Вардар, одлучи да се проба во Унгарија.

Левиот бек во новата сезона ќе го носи дресот на унгарскиот суперлигаш Плер од Будимпешта. Станува збор за клуб кој што во изминатата сезона успеа да избори опстанок во унгарската елита.

Искусниот ракометар во Плер ќе пристигне од составот на Ал Аин, во овој клуб играше во последните три месеци.

Претходно настапуваше за Војводина, Кристијанштад, Ормож, Марибор….Со тимот на Војводина во сезона 2022/23 ја освои титулата во Лигата на Европа.

Оцвирк своевремено беше прогласен за МВП на младинско Европско првенство, потоа дојде во Вардар, но кариерата не му се развиваше според очекувањата.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

СВЕТО ТРОЈСТВО НА ПОЛИТИЧКАТА ИГРА – ПРАВИЛО, ПРОЦЕДУРА И ПРОТОКОЛ

Васко Шутаров Неверојатно тешко е во моментов да се најде...

Дневен хороскоп за сабота, 29. јуни 2024 година

Oвeн – Гaзeњeтo нa eднo мecтo e caмo пpивиднo. Ce...

Средба Николоски – Агелер: Приоритет ќе бидат капиталните проекти и регионалното поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар...