Еве ги четвртфиналните двојки на СП – кој со кого на патот до титулата

По комплетирањето на последното коло од главната фаза на Светското првенство во Хрватска, познати се сите патници во четвртфиналето.

Место меѓу најдобрите осум репрезентации на кадетскиот Мундијал обезбедија Хрватска, Португалија, Шпанија, Египет, Данска, Норвешка, Германија и Фарски Острови.

Македонската репрезентација настапот во главната фаза го заврши на трето место во својата група и ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.

Изненадувањето на Светското првенство, репрезентацијата на Фарски Острови, за противник во четвртфиналето го доби Египет.

Домаќинот Хрватска за место во полуфиналето ќе се бори против незгодната Норвешка, додека Шпанија налета на Германија.

Интересен четвртфинален дуел се очекува да има меѓу репрезентациите на Данска и Португалија.

Четвртфиналните дуели се закажани за 10 август, полуфиналните за 11 август, а дуелот за бронзата и финалето ќе се одиграат на 12 август.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...