„Фемили“ постави прашање, одговорот е – Нeспособен директор! – Екипа

МЗТ Скопје се наоѓа во сериозна криза што е многу подлабока од онаа што ја прикажуваат резултатите во АБА-лигата, каде македонскиот првак се наоѓа рамо до рамо со Борац и со Сплит како единствени три тима со само две победи по првите десет рунди од регионалното натпреварување.

Егзодусот на кошаркари од „Јане Сандански“ и заминувањето на двајца играчи на иста позиција без носење на адекватна замена е главната причина за денешниот пораз кој тешко им падна на срце на верните навивачи на МЗТ. Во втората четвртина од мечот на трибината на „Фемили“ можеше да се види парола: Прашање до управата, зошто си оди поставата?

Одговорот е премногу јасен и едноставен – поради неспособноста на директорот задолжен да го води клубот. Филип Ѓоревски беше избраниот од новите општински власти како предводник на МЗТ Скопје, но овој поранешен кошаркар покажува дека апсолутно не поседува капацитет за водење на проект во АБА1. Да дозволиш да си замине еден од клучните играчи во тимот, на три дена пред најважниот натпревар на сезонава, затоа што должиш пари, тоа е нешто по што автоматски од морална одговорност треба да си поднесеш оставка.

Тој пак, почувствувал морална одговорност и конечно нашол пари за плата (прашањето е зошто тоа не го сторил некој ден порано, за да го зачува Ајви во тимот за дуелот со Борац), но останува фактот дека Ѓоревски не знае што значи да се биде прв човек на гигант како МЗТ Скопје, најголем македонски кошаркарски клуб во последната деценија што со години наназад беше пример за многумина, а сега патува со автобус до Љубљана, има проблеми со регистрација на играчи…

И затоа, Фемили Аеродром не треба по поразот да ги строи играчите и тренерите, бидејќи тие луѓе даваат се од себе, онолку колку што можат. Пред навивачите, но и пред целата јавност и сите оние кои го финансираат овој клуб, треба да излезе директорот и да одговори: Уште колку кошаркари ќе треба да си заминат од МЗТ за тој да крене рака и да ја преземе вината за фијаското што им се случува на аеродромци.

ПС:

Тренерот Александар Петровиќ на вечерашната прес-конференција најави дека во понеделник МЗТ Скопје најверојатно конечно ќе доведе нов плејмејкер во тимот.

ЕКИПА дознава дека најновиот „изум“ на Ѓоревски е враќање на „побегуља“, кошаркар кој пред нецела година самиот си замина од МЗТ од исти причина како сега Ајви, а тогаш управата на чело со истиот овој директор преку соопштение објасни дека „Тој со добрите игри на турнирите во АБА2-лигата го привлече вниманието на побогати екипи од далеку посилни првенства, нешто што придонесе да се намали неговата желба да го носи сино-белиот дрес. МЗТ Скопје Аеродром веднаш почна со потрага на неговата замена, со надеж дека ќе најдеме уште подобро решение, односно играч кој покрај тоа што ќе игра добро во АБА2, воопшто нема да ги потцени македонските натпреварувања“.

И како сега, во моменти на сериозна криза на клубот, да се очекува некој што пред една година му свртел грб на МЗТ Скопје, истиот тој играч сега да го издигне клубот над проблемите и да го поведе во победничка серија. Секоја чест, од илјадници Американци што играат квалитетна кошарка низ цела Европа, директорот на МЗТ Скопје го избра истиот оној што им го сврте грбот на „сино-белите“ од Аеродром кога им беше најважно.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Цирар: Покажавме дека може да се надигруваме со Еурофарм Пелистер

После победата над Струга во „Езерското дерби“, ракометарите...

Ред партиски митинзи – ред работнички протести, министрите каде одат почесто?

Изборната кампања зоврива, но зовриваат и проблемите на граѓаните....

Ќе ги издржиме ли сите убавини што ќе ни ги донесат?

Списокот за исполнување на желби и соништа во Македонија...