Ѓорче Петров донесе уште една голманка – Матеа Чурлиновска е нова „лавица“

Македонскиот шампион Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Нова ракометарка во редовите на „лавиците“ е македонската репрезентативка и довчерашна членка на Куманово, Матеа Чурлиновска.

Младата голманка минатата сезона ја мина во Куманово и со нејзиниот поранешен клуб стигна до прв трофеј во својата кариера. Куманово во финалето од Купот на Македонија го совлада тимот на Вардар, додека настапот во Женската лига го заврши на второто место.

Чурлиновска потекнува од школата на Деспина од Прилеп и минатата година имаше одличен настап на Светското кадетско првенство, беше на второто место меѓу голманките по процентот на одбранети удари.

Прилепчанката е второто засилување на голманската позиција во редовите на тимот предводен од екс селекторот Симе Симовски.

Ѓорче Петров претходно се засили со голманката на Вардар, Јована Трајкоска. Двете голманки засега се единствените засилувања во македонскиот шампион, кој договорите ги продолжи со речиси сите ракометарки од минатогодишниот состав.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Доколку сакате да го намалите салото на стомакот, треба да го јадете ова овошје

123 ОВОШЈЕТО не само што е вкусно, туку игра важна...

МВП НА 8. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – КОСУКЕ ЈАСУХИРА (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Косуке Јасухира, го доби признанието...

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...