Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата од Купот на Македонија, викендов се враќаат возбудувањата од суперлигашкиот плеј-оф.

Во рамки на тринаесеттото, претпоследно, коло, ракометарите на Охрид, патуваат во Скопје на дуел со Вардар.

Чуварот на мрежата на охриѓани, Даниел Ѓорѓески, вели дека ги очекува тежок натпревар, во кој Вардар е фаворит, но тие како и на секој натпревар одат на победа.

“Во сабота не очекува тешко гостување во Скопје, против екипата на Вардар, една одлична екипа која игра добар ракомет. Ние максимално сме фокусирани и се подготвуваме за овој натпревар, очекувам да биде добар натпревар и неизвесен до самиот крај. Со максимален ангажман од сите играчи мислам дека можеме до победа на овој дуел”, изјави голманот на Охрид.

Во досега одиграните натпревари помеѓу овие два тима, секогаш како победник излегувал Вардар.

Дали скопскиот тим ќе ја продолжи традицијата или охриѓани ќе направат изненадување, ќе покаже дуелот кој се игра на 25 мај, сабота, во спортската сала “Јане Сандански”, со почеток од 16:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...