Хазеин Рустамов пред преселба во Струга?

Грузискиот репрезентативец Хазеин Рустамов, кој минатата сезона го носеше дресот на Охрид, би можел да остане покрај езерото, дознава 24Ракомет.

Екипата на Струга покажала интерес за неговите услуги, па Рустамов најверојатно ќе се пресели во овој тим.

Грузиецот веќе три сезони е во Македонија, а пред Охрид имаше одлични настапи и за тимот на Прилеп.

Стружани останаа без Ненад Костоски на левата крилна позиција, па во Рустамов гледаат идеално решение.

Досега тимот на Наум Танески се засили со искусното трио Младеновски, Маркоски и Мојсоски, како и пивотот Тренчевски и десниот бек Бошњак.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Португалија со една нога на СП: Босанците немаа сили за изненадување

Репрезентацијата на Португалија со убедливата победа на БиХ...

Металург РА не дозволи Јехона да си замине победнички од Автокоманда

Екипите на Металург РА и Јехона одиграа без...

ПРВОКЛАСНА СЕНЗАЦИЈА: Италија ја победи Црна Гора со шест гола разлика

Италија со победата над Црна Гора од 32:26...

Овче Поле триумфално низ Велес

Тимот на Овче Поле останува на првата позиција...