Да ја запалиме ли Македонија?

Поводот за ова навраќање кон пожарите и нашата негрижа по ова прашање беа две случки што во растојание од само неколку минути се одвиваа пред мои очи. Имено, на двапати ми се случи возач пред мене да фрли догорче од отворен прозорец кон пеплосаната исушена трева крај банкината. Првиот пат, за среќа, возевме со помала брзина, па навреме го видов безумниот чин на возачот пред мене и успеав со тркалата да го прегазам догорчето на самиот раб на коловозот. Но малку подоцна кога друг возач го повтори истиот чин, не ми беше тешко да застанам за да го изгаснам догорчето нагазувајќи го со обувките. Да не бидам погрешно разбран. Не дека сум кандидат за директор на Центарот за управување со кризи или на Дирекцијата за заштита и спасување…

Неверојатни нешта се случуваат околу нас. Извештаите на надлежните служби секојдневно лиферуваат вести за десетици пожари со најразличен интензитет што ја парчосуваат Македонија. Ги уништуваат нашето природно богатство, шумите, пасиштата, обработливите површини, рекреативните центри, нанесувајќи ненадоместлива штета и оставајќи пустош зад себе. Речиси да нема регион од земјава што не е зафатен со оваа стихија, која, пак, на глобално ниво годинава бележи рекордни бројки, не само во опожарени површини туку и во човечки жртви и материјална штета.
Во една таква атмосфера, во која од ден на ден сме бомбардирани со вести за некој нов пожар, сеедно дали е кај нас или во светот, зачудува неодговорниот однос на нашите луѓе, кои како да не се свесни за она што се случува околу нив. Како да се исклучени од стварноста.
Веќе легендарната страст да се палат стрништата не може ништо да ја укине или забрани. Токму и да има по еден полицаец крај критичните точки, тој пак нема да може да ги сопре луѓето навикнати со векови да ги палат стрништата, доведувајќи се во опасност и себеси и околината, затоа што никој не може да ја контролира огнената стихија. Но кажете им го тоа на луѓето што ги води неописливиот нагон да си играат со огин… За нив ништо не значи статистиката на луѓе настрадани токму во такви ситуации и, што е најстрашно, најчесто се тоа самите потпалувачи на огинот или, пак, штетата што притоа се нанесува на околината. Нека гори, па колку и да чини.
Но она што уште повеќе загрижува е неодговорниот однос на сите нас во речиси секоја пригода кога се работи за евентуален пожар. Колкупати само сме биле сведоци кога неодговорни граѓани ги потпалуваат контејнерите низ скопските населби од чист хир. Ако се контејнерите метални, мали се шансите огинот да се прошири, иако како резултат се појавува неопислива смрдеа во околината, но онаму каде што има пластични контејнери, тогаш опасноста е сериозна.

Сепак, поводот за ова навраќање кон пожарите и нашата негрижа по ова прашање беа две случки што во растојание од само неколку минути се одвиваа пред мои очи. Доволни беа само две епизоди од моето патешествие низ Источна Македонија, иако примерот е сосема случаен, да не помисли некој дека во другите региони сме нешто подобри. Имено, во растојание од само дваесетина километри, при неподнослива жега и збудален клима-уред во автомобилот, кој се мачеше да ја достигне саканата температура, на двапати ми се случи возач пред мене да фрли догорче од отворен прозорец кон пеплосаната исушена трева крај банкината. Првиот пат, за среќа, возевме со помала брзина, па навреме го видов безумниот чин на возачот пред мене и успеав со тркалата да го прегазам догорчето на самиот раб на коловозот. Но малку подоцна кога друг возач го повтори истиот чин, не ми беше тешко да застанам за да го изгаснам догорчето нагазувајќи го со обувките.

Откако ја запаливме политиката, ја запаливме и економијата, Македонија е во оган, тоа е факт, па колку сака некој нека ја разубавува сликата велејќи ни дека блескаме.
Ние самите најдобро знаеме колку ни е убаво. Во секој поглед

Да не бидам погрешно разбран. Не дека сум кандидат за директор на Центарот за управување со кризи или на Дирекцијата за заштита и спасување, или како и да се викаат, туку едноставно, не можев да дозволам во дневниот извештај за пожарите да се додаде уште еден. Мислам дека секој треба да тргне од себе, да не дозволиме да дојде до најлошото, а не да очекуваме некој да гасне зад нас. Се разбира, не очекувам дека секој треба да застанува и да гасне туѓи догорчиња, туку едноставно да бидеме свесни дека со своите постапки ја доведуваме во опасност животната средина, па дури и нечии животи. А примери за тоа гледаме секојдневно, па дури и дневниот извештај за состојбата со пожарите не го следиме со должното внимание, туку како нужно зло, како нешто што треба да пополни простор во телевизиските вести. Иако, за жал, ситуацијата е многу посериозна и бара целосно внимание.

Токму затоа, да престанеме да си играме со оган, ја изгоревме државата. Откако ја запаливме политиката, ја запаливме и економијата, Македонија е во оган, тоа е факт, па колку сака некој нека ја разубавува сликата велејќи ни дека блескаме. Ние самите најдобро знаеме колку ни е убаво. Во секој поглед.
Затоа, да се свестиме додека и буквално не сме ја запалиле Македонија. Барем за тоа се прашуваме и ние, барем тука можеме да го дадеме својот активен придонес со почитување на препораките, со внимателно и одговорно однесување во секоја пригода. Сите ние сме потенцијални предизвикувачи на пожари, но да не дозволиме да бидеме и активни чинители.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi neugodan odgovor

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi retorzija

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Odlazak Raspudića nije slučajan. Most se odlučio za zaokret

POSLJEDNJIH dana turbulentnog političkog života...

Odlazak Raspudića nije slučajan. Most se odlučio za zaokret

POSLJEDNJIH dana turbulentnog političkog života...