И мртви ќе гласаат за лидер на СДСМ

Славјанка Петровска официјално се откажа од трката за лидер на СДСМ. Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура. Смета дека има бројн неправилности кои ги направиле општинските организации, за кои вчера ја информирала комисијата, која не ги земала истите в предвид и донела одлука процесот да продолжи.

„Увидов дека има повеќе од десетина лица кои се регистрирани за гласање, а се починати пред повеќе од три месеци. Значи пред воопшто процесот и да започне. Во неколку општински организации во Охрид, Битола и Куманово и во неколку скопски се евидентирани лица кои се истакнати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а се регистрирани за гласање. Така што сето ова дава сомнеж во веродостојноста на избирачкиот список и јас не би можела да учествував во избори во кои знам дека има неправилноста, без оглед на тоа каков би бил исходот“, изјави Петровска за Телма.

Остануваат тројца кандидати во игра, кои ветија реформи во партијата и нејзино враќање на правите патеки. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Петровска ги повика и тие да ги повлечат кандидатурите и да се избере времено раководство бидејќи кој и да победи изборите нема да бидат легитимни.

„Јас сум разочарана од изјавите кои ги гледам и вчера и денеска од некои од против кандидатите кои не ја сфаќаат сериозноста на избирачкиот процес на СДСМ. Ова е избор за претседател во политичка партија која што го доживеа историски најголемиот неуспех на едни избори и мислам дека ако велиме дека сме ја научиле лекцијата и го слушаме гласот на и на членството и на граѓаните продолжување на вакви избори по секоја цена, само го докажува спротивното“, додаде Петровска

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Филипче – најдобриот подарок од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ – Denesen.mk

Дарко ЈАНЕВСКИ Пред само една недела, во гостување во емисијата...

Претставена забранетата верзија на албумот „Битанга и принцеза“ на „Бјело дугме“

Најголемата дискографска куќа во регионот „Croatia Records“ ја претстави...

Разузнавачките служби ќе функционираат во една агенција

Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ќе...

Министерот за спорт Борко Ристовски пушти во употреба ново спортско игралиште во Василево

Денес, министерот за спорт Борко Ристовски, на покана на...