Илиќ блескаше на голот, Вардар го освои Куманово и се врати во игра за ТОП 3

Ракометарките на Вардар славеа триумф на тешкото гостување во Куманово со 31-26 и се вмешаа во битката за ТОП 3 во Женската лига.

Предводени од голманката Андреа Илиќ со 14 одбрани и капитенот Ивона Трпевска со осум гола, вардарки го одиграа можеби најдобриот меч оваа сезона. Сега Вардар има 46 бода на четвртата позиција и ќе има шанса во следните шест кола да се изборат за место повисоко.

Првиот дел го почнаа фуриозно и на полувремето имаа високи седум гола позитива, 18-11, но во второто полувреме домаќинките се доближија.

Се закани Куманово и намали во два наврати на минус два, но немаше сили за комплетен камбек во натпреварот и на крајот мораше да се помири со поразот.

Во вториот дел вардарки останаа без столбот на одбраната Нина Попова, која доби црвен картон по трите исклучувања, но и покрај тоа успеаја да ја задржат смиреноста и по 27-25 со силна одбрана и четири гола во серија стигнаа до 31-25.

Покрај Трпевска, меѓу стрелците се истакнаа Василева со шест гола, како и сестрите Бојана и Борјана Коцеви со по четири погодоци. Во составот на Куманово, капитенот Цветановска имаше седум гола, а по шест пати погодоција Ѓошевска и Богојеска.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ИСИДОРА КОТЕВСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Исидора Котевска, го доби...

МВП НА 11. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – МАРИО СТОЈАНОВСКИ (ВАРДАР)

Ракометарот на Вардар, Марио Стојановски, го доби признанието...

Лазаревски: Сакаме пласман на СП за да го задржиме континуитетот на големите натпреварувања

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...

Томовски: Ќе биде пеколно тешко на баражот за СП

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе ги...