Илон Маск вели дека Х ќе ја отстрани можноста за блокирање на профилот

Социјалната мрежа за микроблогирње Х, порано позната како Twitter, ќе ја отстрани опцијата којашто на корисниците им овозможува блокирање на другите профили, изјави во петокот сопственикот Илон Маск во уште еден потег кој се проценува како контроверзен на компанијата коај ја купи минатата година за 44 милијарди долари.

Функцијата за блокирање на профилите на Х му овозможува на кориснокот да им забани на одредени профили да го контактираат, да ги гледаат неговите објави или да го следат.

„Блокирањето ќе биде отстрането, освен за DM-те“, наведе Маск во објавата на мрежата, мислејќи на израмните пораки.

Вели и дека Х ќе ја задржи функцијата „mute“ којашто го спречува корисникот да гледа одредени профили, но за разлика од блокирањето не го предупредува корисникот на таа активност.

Технолошкиот милијардер се опишува себеси како заговорник на неограничената слобода на говорот, но неговите критичари главно со политичка заднина токму од либертаријанскиот спектар велат дека неговиот пристап е неодговорен.

Така, истражувачите кои имаат цел да ги ограничат објавите и информациите кои не му одговраат на политичкиот естаблишмент, тврдат дека наводно има раст на говорот на омраза и антисемитски содржини на платформата Х откако ја преземал Маск, а некои западни влади ја обвинуваат компанијата дека не прави доволно во ограничувањето на содржините, залагајќи се така за воведување на цензура.

Аналитичарите во технолошката индистрија веалт дека опциите за блокирање би можеле да ја доведат Х во судир со насоките со „Apple Store“ и „Alphabet Google Play“.

И двете компании, имено, бараат апликациите со содржина генерирана од корисниците да вклучуваат механизми за блокирање на навредливи корисници или содржина. „Apple“ пропишува дека апликациите мора да имаат можност да блокираат навредливи корисници, додека „Google Play Store“ наложува обезбедување систем во апликација за блокирање на содржината и корисниците генерирани од корисниците.

Одговарајќи на објавата на активистката против малтретирањара на социјалните мрежи Моника Левински, позната по контроверзната сексуална афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ја изрази својата загриженост за отстранувањето на функцијата за блокирање на објавите, повикувајќи ја X да ја задржи оваа „критична алатка за да ги одржува луѓето безбедни на интернет“. Како одговор, главната извршна директорка на компанијата Линда Јакарино ја бранеше одлуката на Маск и нагласи дека безбедноста на корисниците е главен приоритет на платформата. Јакарино, исто така, ги уверува корисниците дека X активно развива подобрено решение што ја надминува моменталната состојба на функциите за блокирање и исклучување на звукот.

„Безбедноста на корисниците на X е наш приоритет број еден. Развиваме нешто подобро од опцијата за блокирање и исклучување. Повратните информации се добредојдени“, објави Јакарино.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...