Интелигенцијата кај современите народи (2)

Во ова масовно истражување ползувана е Процена на личноста со синтетичка решетка (САПА), која се базира на онлајн тест на личноста, кој обезбедува фидбек од 27 црти на темпераментот (на пример, адаптибилност, импулсивност, анксиозност, хумор) и нивните резултати за способност. Ова истражување е направено на примерок од 400.000 Американци во периодот 2006-2018 г. Помал примерок е испитан во периодот 2011-2018 г. (околу 300.000) и добиено е дека само податоците за 3Д-ротација се различни од претходните.
Со оглед дека студијата не ги испитувала причините за смалување на IQ-резултатите, научниците сметаат дека се можни влијанија од лоша исхрана, влошување на здравјето, медиумска изложеност и промени во образованието. Најголемо влијание, се разбира, имаат образовниот систем, мотивацијата и информациите што секојдневно нѐ бомбардираат. За таа цел, Дворак и нејзините колеги во моментов се обидуваат да пристапат до базата на податоци што содржи податоци од период од 40 години за да спроведат последователна студија. Битно е дека најстрмните падови се случија за возраста од 18 до 22 години и кај оние со пониски нивоа на образование. Во таа насока, неколку други неодамнешни наоди укажуваат на тоа дека обликот на ФE веќе не може да биде линеарен. Тој покажува промени и кај населението во нордиските земји (Норвешка, Шведска, Данска).

Варијабилноста на ефектот на Флин сугерира дека или промената на интелигенцијата на населението не е едноставна појава што може да се објасни со еден фактор или, ако е резултат на еден фактор, влијанието на овој фактор е различно во различни подгрупи на населението или во различни домени на способности. Истражувачите проучувале некои фактори (на пример, дали е тоа вистинско зголемување на коефициентот на интелигенција поради социјалните, популациските или генетските фактори, или едноставно е психометриски артефакт?), кои можеби имале улога во „црната кутија“ зад ефектот на Флин. Бидејќи значајните генетски модификации на популацијата се случуваат само во многу подолги периоди, зголемувањето на коефициентот на интелигенција забележано во период од 50 години не може да се објасни со модификација на генетските карактеристики на западните популации. Флиновиот ефект се чини дека е последица на неколку меѓусебно поврзани фактори.
Образовниот напредок во текот на дваесеттиот век се чини дека е најсилен фактор во основата на ефектот на Флин. Неколку студии го покажаа влијанието на школувањето врз интелигенцијата. Во текот на минатиот век, во индустријализираните земји, школувањето стана задолжително. Процентот на деца што посетуваат програми за средно и високо образование силно се зголеми. Во истиот период нагло се намалил процентот на неписмени. Покрај тоа, сѐ поголем број деца редовно посетуваат градинки, со јасно влијание врз нивниот интелектуален развој. Во таа насока, една анализа ја покажува врската помеѓу школувањето и коефициентот на интелигенција користејќи податоци собрани во 81 земја. Забележано е дека интелектуалните разлики меѓу земјите главно се поврзани со стапката на писменост, посетување средно училиште и процентот на земјоделско население. Во повеќе земјоделски општества, работните процедури често се традиционални, полека се менуваат. Затоа, поединците за целиот свој работен живот можат да се потпрат токму на она што го учат во своите помлади години од постарите генерации. Од друга страна, во индустријализираните земји е неопходно доживотното учење. Поради растечкото влијание на технологијата во секојдневниот живот, луѓето постојано треба да учат како да користат нови апарати и процедури. Во индустријализираните земји, работата бара сè помалку физички способности, но сѐ повеќе и повеќе интелектуални.

Во изминатите 50 години, образованието се промени и во семејствата. Зголемувањето на семејните приходи, покачувањето на образовното ниво на родителите и намалувањето на просечниот број деца по семејство длабоко го изменија образованието на децата. Родителите сега имаат повеќе време и пари да потрошат на образованието на своите деца. Имаат и повеќе информации за нормалниот развој на детето и како да го стимулираат.
Иако, генерално, нивоата на образование се подобруваат со текот на времето, стапката на овој развој не е еднаква во сите земји. Некои земји во развој, како Кина, со брзо темпо се израмнуваат со високоразвиените земји. Во исто време, во развиените земји голем процент од населението веќе достигна висок степен на образование, а со тоа стапката на образовен развој почнува да се забавува. Така, ако образованието е клучен основен фактор на ефектот на Флин, би очекувале зголемувањето на коефициентот на интелигенција да биде поизразено во земјите во развој отколку во развиените земји. Всушност, оваа шема е поддржана и со споредбата на неодамнешните податоци за стандардизација за WISC-IV (тест на интелигенција) во САД, континентална Кина и Хонгконг. Помеѓу овие три примероци, населението во САД има највисоко ниво на образование (т.е., околу 85 проценти од шестгодишниците до 16-годишниците имаат родители со најмалку средно образование), а ефектот на Флин е 0,25 поени годишно. Во Кина, само 54 проценти од родителите на децата во оваа возрасна група имаат средно образование, а ефектот на Флин со користење на WISC е 0,59 годишно. Нивото на образование на родителите во Хонгконг е помеѓу она во САД и она во Кина, но е повеќе слично на она во САД (односно, околу 85 проценти имаат средно образование, иако помал процент посетувале колеџ во споредба со САД). Ефектот на Флин таму е 0,30 годишно.

Така, не само што подобрувањето во образованието предизвикало зголемување на интелигенцијата на населението туку и променливото темпо на ова подобрување може да предизвика и варијации во големината на ефектот на Флин во различни земји и во различни периоди од развојот на една земја. Друг важен фактор во основата на ефектот на Флин е значителното подобрување во условите на биоекологијата.
И покрај контроверзиите што остануваат во врска со преголемото потпирање на тестовите за интелигенција, останува фактот дека овие тестови се сигурни и валидни мерки. Можеби најзначајната лекција што може да се научи од ефектот на Флин е дека интелигенцијата, мерена со стандардни тестови, се менува со текот на времето – дека оценките за коефициент на интелигенција не се непроменливи ниту кај поединецот ниту кај популациите. Стандардните тестови за интелигенција се важни алатки за предвидување на академските перформанси кај децата и идентификување интелектуална попреченост. Во исто време, постои јасна потреба да се развијат дополнителни инструменти што би ја измериле интелигенцијата на поширок начин што може да ги долови динамичните развојни процеси што се во основата на когнитивните перформанси во многу домени на функционирање. Ако резултатите од тестот за интелигенција умерено добро ги предвидуваат индивидуалните разлики во училишните постигнувања, и индиректно професионалниот статус на возрасните (до степен до кој тоа е силно поврзано со академскиот успех), предвидливите корелации помеѓу коефициентот на интелигенција и реалните работни перформанси се чини дека се значително намалени со текот на времето.

Уште поважно, интелигенцијата е само еден начин да се проценат децата. Има толку многу други димензии што влијаат на секојдневниот живот на детето дома и во училиште, кои ја надминуваат интелигенцијата, па можеби дури и не се поврзани со неа, како што се квалитетот на животот и позитивното емоционално искуство.
Во едно истражување се вели: „Ако сакате да го укинете дисгеничното размножување, напредните нации треба да ги следат Шведска и Норвешка: укинете ја сиромаштијата, така што пониските класи ќе имаат аспирации кон средна класа и знаење за контрацепција. Дури и таму каде што тоа не е направено, како во Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, стапката меѓу домородното население е доволно бавна за да се толерира цел век, особено ако ефектот на Флин опстојува. Дури и да не се случи, тие нации може да го зголемат својот просечен генетски коефициент на интелигенција со користење на новите евгениски техники. Имиграцијата е долгорочен проблем само ако верувате дека црните и шпанските гени го ограничуваат нивниот потенцијал. Кина, претпоставувајќи ја својата стабилност и надмоќ, нема да се меша во внатрешната политика на другите држави повеќе отколку што направија Соединетите Американски Држави. Евгениката/дизгениката не обезбедува теорија на историјата, која одлучува дали душите на Америка и Европа треба да се спасат или да се проколнат. Тоа е анализа на еден тренд, веројатно не многу важен тренд, меѓу сите оние што ќе го одредат текот на следниот век.“
Каде сме ние во оваа приказна? Што потфрли кај нас за да добиеме таков лош ранг на Шангајската листа? Дали потфрлија родителството, образовниот систем, корупцијата? Написов е само апел да се усредоточиме на идните генерации, да им обезбедиме услови за повисоки интелектуални резултати и успех во работата. Зашто иселувањето не е излез. Таму, во далечните земји, нашите млади ќе бидат третирани како луѓе од втора класа! Зарем тоа не е понижувачки и срамно!?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Propovijed demokršćanskim političarima: Za vas je rezerviran poseban krug pakla

DRAGI moji demokršćanski političari, vjerujem...

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi neugodan odgovor

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Vučić je pokušao prevariti Zapad. Slijedi retorzija

U MEĐUNARODNIM odnosima postoji jedno...

Odlazak Raspudića nije slučajan. Most se odlučio za zaokret

POSLJEDNJIH dana turbulentnog političkog života...