Искусен лев бек од Србија го засилува Прилеп!

Амбициозниот состав на Прилеп во новата сезона ќе влезе засилен со уште еден интернационалец – српски лев бек.

Станува збор за Душан Бозолјац, кој има 38 години и особено игра добро во одбраната. Тој во Македонија доаѓа со огромно искуство собрано низ многу европски земји.

Бозолјац, кој е ракометен глобтротер, во Србија ги носеше дресовите на Жупа, Прибој, Планинка, Фиделинка, Металопластика и Партизан.

Настапуваше и за унгарскиот Мезоковешд, норвешкиот Сандефјорд, шпанскиот Синфин, турската Анталија, трите босански клуба Босна, Градачац и Коњух, израелските Макаби Моцкин и Хапоел Ашдод, потоа Ал Шааб од Обединетите Арапски Емирати, Хамамет од Тунис…

Србинот веќе дебитираше за Прилеп на натпреварите од турнирот „Миле Нешкоски“. Претходно прилепчани ги донесоа Грузиецот Имнадзе, Црногорците Јелушиќ, Кастратовиќ и Шабановиќ, како и голманот Ацевски, потоа пивотот Трајчевски и бековите Рајатоски и Цветаноски. На клупата на местото на Реваз Чантурија седна Божидар Мојсов.

.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај...