ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – МЛАД РАКОМЕТАР

Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Најдобар млад ракометар на сезоната:

Иван Галевски (Алкалоид) – Голманот на тимот од Автокоманда веќе втора сезона по ред брани на одлично ниво во Супер лигата.

Давид Трајкоски (Прилеп) – Левото крило имаше одлични партии против најдобрите македонски клубови, освен во нападот, одигра на завидно ниво и во одбраната.

Славчо Шулески (Тиквеш) – Средниот бек на кавадарчани оваа сезона има голема минутажа и дефинитивно ќе има што да покаже во иднина.

Мирче Калајџиески (Еурофарм Пелистер 2) – Младинскиот репрезентативец дојде како вистинско освежување во вториот тим од Битола и константно е меѓу најдобрите стрелци.

Валентин Карасманакис (Алкалоид) – Кружниот напаѓач веќе во првиот дел од сезоната се издвојуваше како еден од најдобрите млади ракометари.

За најдобар млад ракометар на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Легендарната Луминица Дину по долго време повторно во Скопје

Легендарната романска голманка Луминица Дину, по подолго време...

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...