Како тргна Ковачевски можно ли е да заклучи дека на Македонија не и требаат избори?

На македонските политичари полна им е устата со демократија. А една од главните атрибути на демиократијата е да се почитува волјата на мнозинството од народот. Тоа е и главната задача на секоја Влада, односно власт која и е избрана од народот. Дали е така во Македонија?

Македонскиот премиер, кој никогаш нема излезено на избори, Димитар Ковачевски, деновиве отворено порача дека при носењето на клучни одлуки не мора, па и не треба, да се почитува мислењето и да се слуша гласот на народот. Не било важно и што кажуваат анкетите.

-Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот, изјави Ковачевски на неодамнешната конференција за печат.

Прати ли абер Ковачевски до народот дека џабе бара и инсистира да не се менува Уставот под вакви околности? Тој ќе одлучел што е добро, храбро и лидерски.

За потсетување, последната анкета на Институтот за демократија и на Фондацијата „Конрад Аденауер“ покажа дека скоро две третини од граѓаните се против таквите уставни измени. Односно, 65 отсто од населението не прифаќа она што е барање произлезено од францускиот предлог, а во кој се вклучени главните бугарски барања.. Таков став имало убедливо мнозинство од 80 проценти на етнички Македонци кои биле опфатени со анкетата, исто како што јавноста беше против самиот француски предлог и начинот на којшто се преговара со Бугарија за кревање на ветото, за работата на заедничката Историска комисија…

Премиерот е осилен оти еднаш власта го премавна дури и референдумот околу смената на името? Можно ли е Ковачевски да си вели: народот не се буни, значи добро го водиме? Или си вели: народот не знае дека јас знам што е најдобро за него?

Излегува како да не е важно што народот мисли, што сака и до каде треба да се оди во преговорите!? Па, Владата и парламентарното мнозинство, кое беспоговорно ја слуша истата Влада, може да решаваат за се: да прифаќаат договори, да попуштаат во нив, да отстапуваат од националните интереси…

Ако вака се продолжи, да не дојде Ковачевски до заклучок дека не требаа ниту избори? Што има народот да кажува кој да ја води државата? 

Во зрелите и вистински демократии така не се прави. Во ситуации кога потезите на Владата запаѓаа во голем расчекор со мислењето и расположението на граѓаните, во вистински демократии се оди кон нови избори.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...