Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 23. КОЛО
Македонија Ѓорче Петров е единствениот тим сезонава кој знае како се игра против неверојатната Струга Трим и Лум. Иако останаа без тренерот Муарем Бајрами пред неделниот меч тие успеаја да извадат реми на секогаш тешкото гостување во Струга (0-0) и со тоа уште еднаш да ја докажат старата дека „лавот е најопасен“ кога е ранет. Горан Здравков ја препороди Брегалница. Штипјани играат неверојатно во пролетниот дел од сезоната и стануваат озбилни конкуренти за пласман во Европа. Вчера на менито беше прилепска Победа која рутински ја совладаа со 4-0. Шкупи и Шкендија има се вратија на победничките патеки. Чаирчани славеа над Работнички со 3-1, додека тетовци беа подобри од Академија Пандев со 2-1. Силекс го совлада Скопје со 3-1 во еден натпревар со многу контроверзии, во кој „подебелиот крај“ го извлече тимот од Автокоманда кој во неколку наврати беше директно оштетен.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Иван Николов (Брегалница)
Штипјани играат неверојатно во пролетниот дел од сезоната и стануваат озбилни конкуренти за пласман во Европа. Вчера на менито беше прилепска Победа која рутински ја совладаа со 4-0. Иван Николов со два гола и една асистенција беше главен кривец за убедливиот триумф на својот тим.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Здравков (Брегалница)
Горан Здравков ја препороди Брегалница. Штипјани играат неверојатно во пролетниот дел од сезоната и стануваат озбилни конкуренти за пласман во Европа. Брегалница игра супернапаѓачки фудбал без многу тактизирање и со многу „чаламење“ нешто за што е најмногу виновен популарниот „Чалам“.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Иван Николов (Брегалница)
Иван Николов со два гола беше најзаслужен за новата победа на штипска Брегалница во ПМФЛ овојпат против Победа со 4-0. Одличниот фудбалер на прекрасен начин со маестрален погодок го запечати убедливиот триумф на својот тим.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
window.fbAsyncInit = function() { FB.init({ appId : '1961822540773924', autoLogAppEvents : true, xfbml : true, version : 'v2.10' }); FB.AppEvents.logPageView(); FB.XFBML.parse(); };
(function(d, s, id){ var js, fjs = d.getElementsByTagName(s)[0]; if (d.getElementById(id)) {return;} js = d.createElement(s); js.id = id; js.src = "https://connect.facebook.net/mk_MK/sdk.js"; fjs.parentNode.insertBefore(js, fjs); }(document, 'script', 'facebook-jssdk'));