Владата ќе купи нови лопати со панделки за поставување камен-темелници?

Министри, најверојатно сосе премиерот на Македонија ќе се фатат за лопатите. Ќе граделе нови патишта по оние 1300 километри кои веќе ги изградија.

Во план им е на 22 април да постават камен-темелник и почеток на изградбата на дел од новите автопатни делници. Прво ќе почнела градбата на патните правци Тетово – Гостивар и Прилеп – Битола, а подоцна и на Гостивар – Букојчани и Требениште – Струга = Ќафасан. Вкупно ќе изграделе 110 километри, по правична цена од 1,3 милијарди евра.

Сигурно ќе се купат нови лопати со панделки и ќе има многу камери за снимање на тој ударнички чин. Ама има една дилема, че знаат ли каде да почнат со работа. Па самите рекоа дека засега се без конкретни планови, без определени траси, без откупено земјиште по кое треба да се гради, а кое е во голем мерка во приватна сопственост…

– Ова е нова методологија на градење. Според договорот, „Бехтел и Енка“ и ќе проектираат и ќе градат, а претходно ќе ангажираат проектанти. Експропријацијата не е ниту почната. Во оној момент кога ќе се определат патните коридори, тогаш ќе бидеме подготвени што побрзо да ја извршиме експропријацијата. Државата може да располага со земјиштето од моментот кога ќе го извести сопственикот, кој потоа доколку не е задоволен од сумата што ќе му се понуди може да оди на суд и да бара повисока цена, убедуваше деновиве Ејуп Рустеми, директорот на државното претпријатие за патишта

Значи, ќе проектира, ќе се определуваат трасите, ќе се навлегува во приватни парцели, како што ќе си проценуваат градителите. Тоа, дали е испитан теренот, колку е стабилна почвата, колку се потребни дополнителни интервенции на теренот, како ќе се исплатуваат сопствениците на земјиштето, што доколку тие не се задоволни никој не кажува. Имало само една најобична физибилити студија.

Важно, ќе се удираат камен-темелници, да се сликаат политичарите, веројатно, да засвири и изнајменената музика и танчери, а потоа ќе се решаваат „работите“. Ќе биде ли овој пат малку попродуктивно сето тоа?

Колку е ваквата нова „методологија“ оправдана, колку таа е применлива за македонски прилики никој претходно не извршил тестирање. Веќе се најавува дека ќе се исплатат првичните 80 милиони евра на изведувачот, а се уште никој не направи „физибилити студија“ за тоа колку може да се проектира во „од“, колку е соодветна трасата по тие подрачја, колку македонското судство ќе ги решава проблемите со откупите на земјиштата… Практично, се тргнува во неизвесност за која ниту се знае колку на крајот ќе чини, ниту колку долго ќе трае.

Примерот со скопскиот мост во Аеродром е мошне поучен: споровите околу обештетувањето на сопствениците за земјиштето веќе повеќе од две години ја кочат изградбата на патот по направениот мост. Ако така беше лесно да се врши национализација, како тоа не се примени во Скопје, а  сега ќе се применувало на трасите на автопатиштата?

Македонската јавноста до сега многупати беше сведок на помпезното удирање накамен-темелници за најразлични големи проекти. Пругата кон Бугарија е типичен пример за тоа, а кој и по неколку децении никако да биде завршен.

Тогашните нови лопати со панделки сигурно сега се зафрлени во некој магацин. Штета, а станаа историски, можеше во музеј да се стават.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Јанев со прв список – 20 младинки на собир за ЕХФ неделата

Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Дарко...

Евро задачи за браќата Илиевски и Металари

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за...

Исланд доаѓа на пријателски турнир во Македонија

Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекува настап...

Истражувач на долговечноста ја открива нивната тајна

79 Сингапур е најновата „сина зона“ во светот, дефинирана како...