Кил непрепознатлив на домашна сцена, го доживеа петтиот пораз

Иако до крајот од сезоната има уште многу да се игра, сепак, екипата на Кил ќе има тежок предизвик да ја одбрани титулата во Будес лигата.

Ракометарите на Филип Јиха, кои на пет одиграни натпревари во Лигата на шампионите забележаа четири победи, играат лошо во домашното првенство.

Кил денес го доживеа петтиот сезонски пораз во Бундес лигата, откако во дуелот со Хановер беше поразен со три гола разлика, 36:33.

„Зебрите“ беа поразени и во дуелите со Лајпциг, Магдебург, Фленсбург и Мелсунген, па така со пет порази се наоѓа надвор од ТОП 5 во најквалитетната лига на светот.

Тимот на Јиха моментално е позициониран на седмото место на табелата со 12 бода, додека актуелниот лидер Фуксе Берлин има девет бода повеќе, односно 21.

За потсетување, актуелниот германски шампион беше елиминиран од Вецлар во рамки од првата рунда од Купот на Германија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Пелистерци не блескаа, но ја скокнаа првата Куп пречка

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување...

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло против Еурофарм Пелистер

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Стојановиќ: Се покажавме во добро светло, ростерот си го направи своето

Тимот на Тиквеш не успеа да направи изненадување...

Ангеловски: Играчки сме катастрофа, ќе мора подобро доколку сакаме трофеј

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не дозволија изненадување и...