Ќе дочекаме ли македонски функционер да даде оставка?

Има ли ден во Македонија да нема некоја крупна афера во која главен збор имаат државни функционери? Скоро и да нема.

Скандали, афери, злоупотреби, несовесност во работа, пропусти, немање на контрола во институцијата со која се работи… За сето ова слушаме и гледаме секој ден. И последиците од тоа цела Македонија ги трпи. Впрочем затоа и сме во континуирана криза.

И? Се разрешуваат ли аферите и скандалите. Најчесто – НЕ. Си поднесува ли некој функционер оставка? Секогаш – НЕ.

Наместо оставки и потоа да се расчистат случаите, кај нас се тртљаат работите, се замачкуваат и се чека да поминат неколку дена, според народната: „секое чудо за три дена“.

Така е сега за случајот со давањето на македонското државјанство на Украинецот Александар Онишченко. Направени се огромни пропусти во Агенцијата за национална безбедност, но и во други релевантни институции кои дале согласност, Владата донела одлука државјанството да му се даде, а сега истата таа одлука ќе се повлекува… Пропуст до пропуст за кој се уште нема одговорност ниту пак некој помисли да си даде оставка. Напротив, еден од најповиканите дури се подготвува за амбасадорска функција во Париз.

А баш овој слушај е зрел за 3 – 4 оставки од министерско па до директорско ниво. За да конечно да се вклушиме во развиениот свет во кој нели баш тие не носат.

Во Јапонија министри си даваат оставки ако воз задоцни две минути. Кај нас министер нема гајле ако некоја градба доцни три години или е фатен во корупција или кога гинат невини луѓе или ако претседател на собрание е снимен како се дере и навредува вработени или…

За посетување: Единствената оставка од морални причини која што се памети во Македонија е онаа од 1993 година на тогашниот министер Антони Пешев, поради чувство на одговорност за две авионски несреќи.

Инаме и две – три „понудени“ оставки. Некогашните министри – Љубомир Фрчковски за атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, на Миле Јанакиевски за бродската несреќа во Охридското езеро, на Венко Филипче за пожарот во тетовската модуларна болница… понудија оставки – но не се прифаќаа. А беше доволно само во оставката да се наведе дека е – неотповиклива.

Ама какво време дојде сега нема ниту понудени оставки…

Но, може тоа е реформата кон подобра иднина? Само ние не сме ја разбрале.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

📷 Македонските репрезентативци тренираа во Торшавн, спремни се за борба!

Македонската репрезентација ја очекува бараж двомечот со Фарски...

Куманово го освои Скопје | 24 РАКОМЕТ

Ракометарките на Куманово прославија уште една победа во...

Познато кој против кого во полуфиналето на Ф4 од ЛШ кај мажите и жените

Денеска во Европската ракометна федерација (ЕХФ) се одржа...