Notice: Function _load_textdomain_just_in_time was called incorrectly. Translation loading for the td-cloud-library domain was triggered too early. This is usually an indicator for some code in the plugin or theme running too early. Translations should be loaded at the init action or later. Please see Debugging in WordPress for more information. (This message was added in version 6.7.0.) in /home/kolumni/public_html/wp-includes/functions.php on line 6131
Светот се соочува со синдемија, а не пандемија на Ковид-19 | KOLUMNI.mk

Светот се соочува со синдемија, а не пандемија на Ковид-19


Светот се наоѓа среде „перфектна бура“ од пораст на стапката на хроничните болести, упорните заразни болести и потфрлувања на јавното здравство, кои допринесоа за големиот број смртни случаи во пандемијата на Ковид-19, заклучува обемна светска студија посветена на човечкото здравје.

Појавата и преклопувањето на пандемијата на коронавирусот со продолжениот глобален пораст во хроничните состојби како обезност и дијабетес, а притоа и со еколошките ризици – како аерозагадувањето, го зголемија смртниот биланс од коронавирусот, се вели во студијата наречена The Global Burden of Disease (GBD), која е една од најдеталните од својот вид.

Објавена во најреномираниот медицински магазин The Lancet, во студијата биле анализирани 286 причинувачи на смрт, 369 болести и повреди и 87 ризик-фактори, во 204 земји и територии, сѐ со цел да се понуди увид во основното здравје на целокупното човечко население и импактот на Ковид-19 врз истото.

„Ковид е акутно влошување на хронична здравствена итност“, вели Ричард Хортон, главен уредник на „Лансет“. Пандемијата на коронавирусот, во комбинација со висока глобална стапка на обезност, дијабетес и други хронични болести, Хортон ја опишува со терминот „синдемија“, пренесува Reuters. Едноставно речено, синдемија е истовремено постоење на две или повеќе епидемии кај населението, кои меѓусебе имаат биолошка интеракција и ја влошуваат тежината на болеста.

Па така, студијата открива дека водечка причина за нарушено здравје кај луѓето на 50 и повеќе години се исхемичните срцеви болести, мозочните удари и дијабетесот. Кај помладите луѓе, на возраст од 10 до 49 години, тоа се сообраќајните несреќи, СИДА/ХИВ, болки во долниот дел на ‘рбетот и депресивните нарушувања.

Студијата заклучува и дека порастот на хроничните болести, комбиниран со неуспехот на јавното здравство да ги превенира ризик-факторите, го оставило населението ранливо на здравствени вонредни состојби како што е пандемијата на коронавирусот.

„Синдемиската природа на заканата со која се соочуваме бара од нас не само да ја третираме секоја од болестите, туку и под итно да ги адресираме социјалните нееднаквости кои лежат во нивната основа и ги создаваат истите“, вели Хортон.

Според него, хроничните состојби како висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта, обезноста и високиот холестерол, од кои страдаат милиони луѓе ширум светот, одиграле клучна улога во повеќе од милионот жртви предзивикани од Ковид-19 досега. Овие предуслови, создадени од лоша исхрана и неадекватно ниво на вежбање, ќе продолжат да го обликуваат здравјето во секоја од земјите и откако пандемијата ќе биде сузбиена, предупредува Хортон.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ