Ќе ги издржиме ли сите убавини што ќе ни ги донесат?

Списокот за исполнување на желби и соништа во Македонија станува ептен долг. Го пишуваат и соопштуваат партиите во предизборитето.

Во списокот има се и сешто. Само треба некој да побара или функционерите да „пуштат машта“ и ете ти го смисленото во приоритетите за идните 4 години.

Последен кој допиша нешто во долгата колона на желби кои ќе бидат исполнети е вицепремиерот и кандидат за пратеник Бојан Маричиќ.

-Ветуваме дека во наредниот мандат просечна пензија ќе биде 500 евра. Исто така се обврзуваме на зимски регрес од 3000 до 6000 денари за секој пензионер, а најмногу ќе добиваат оние со најниски пензии. Исто така ветуваме енергетски пакет од 1500 денари месечно во текот на грејната сезона за оние пензионери на кои најмногу им треба, вети Маричиќ.

Не помалку атрактивни се веќе запишаните соништа што по изборите ќе бидат јаве:

-се гарантира дека економијата годишно ќе растела по стапката од 5,1 процент,

-во наредните четири години просечната плата ќе достигнела 1.100 евра,

-земјоделството ќе добиело финансиска поддршка од 1,35 милијарди евра,

-за капиталните инвестиции ќе се потрошеле 3,5 милијарди евра…

-општините ќе добијат 250 милиони евра…

Не се само парите на списокот. Има и дека легендарниот пат Кичево – Охрид ќе се заврши, дека друго ќе се градат болници, дека ќе влеземе во ЕУ за 4 години, дека…

Просто човек да се исплаши дали ќе може да ги издржи сите убавини што ќе се случат во Македонија во наредните години. Толку нагли промени на поарно може да се претешки и за веќе тренираните нерви на Македонецот. Нашиот народ не за џабе рекол: „и многу арно – не е на арно“.

Затоа, замолуваме во кампањата да се најавуваат поскромно работиве. Дозволиво е да бидат нескромни само откако најавеното ќе го реализираат.

Тогаш нека бидат гласни, ќе издржиме.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

How Ukraine Is Weakening Russia’s War Machine

Over the past several months, Ukrainian drones have penetrated...

Како јас ја разбирам „Македонија твоја“!? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Македонија твоја ја разбирам како слободно дејствување и...

Македонецот не може да го поднесе погледот на секој што го прави немакедонец! – Denesen.mk

Бранко САРКАЊАЦ Сликајќи го портретот на граѓанинот на FYROM јас...