Ќе има ли СДСМ само премиер во македонската влада?

Владата е стабилна, често укажува премиерот Димитар Ковачевски. Арно ама, полека – полека се покажува дека веќе има преговори за влез и на Алијанса за Албанците во Владата. Што така?

Доколку се слуша премиерот, по петочната средба со лидерот на АА Арбен Таравари преговори нема. Имало само разговори за европската иднина и одлуките коишто би требале да се носат во парламентот со широк политички и општествен консензус. Слично кажа и Таравари – понуда за влез во Владата не добиле иако и таа можност не е исклучена, а разговарале за европскиот пат…

Меѓутоа, лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа нешто сосема поинакво: И тој и Ковачевски разговарале со Таравари за влез на Алијансата за Албанците во Владата и дека наскоро ќе дојде ред да се разговара и за деталите. Односно, за министерски и директорски места коишто би требала да ги добие партијата на Таравари. А неофицијално понудата е новата членка во владината коалиција да добие три министерски места – по свој избор (здравство, земјоделие, правда, образование…) и голем број на директорски функции. Јасно, нив треба да ги отстапат двете најголеми партии во владината коалиција СДСМ и ДУИ.

Ако патријата на Таравари влезе во владината коалиција парламентарното мнозинство би се зголемило од 64 на 72 пратеници. 

Очигледно, СДСМ е подготвен да ја плати цената да се зголеми владеачкото парламентарно мнозинство. Прашање е зошто тоа се прави? Дали не е стабилно актуелното мнозинство од 64 пратеници со оглед на тоа дека некои од нив веќе сега најавуваат дека нема да гласаат за уставните промени? Има ли колебање и кај други пратеници, можеби и од самиот СДСМ? 

А колку до вчера (а може и денеска ќе каже) премиерот Димитар Ковачевски изјавуваше дека владиното мнозинство е стабилно.

-Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање, изјави на почетокот на октомври Ковачесвки.

Сепак, едно е кажувањето  – друго е реалноста. Многу работи стануваат неизвесни. А една од нив е и – дали можеби СДСМ ќе дојде до ситуација да има само премиер во Владата? Секако, за да има стабилно мнозинство во парламентот и за да можат да работат за доброто на Македонија.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Кукуловски и Брно блиску до ТОП 5 во Чешка

Екипата на Брно, во која настапува повремениот репрезентативец...

🎥УТРЕ НА 24РАКОМЕТ… Селектор, тренер и професор кој сè уште има што да каже

Три децении на македонската ракометна сцена гравитира стратегот...

Во Унгарија задоволни од ждрепката: Можеше да биде и полошо…

Репрезентацијата на Унгарија е еден од ривалите на...

Moglo bi se dogoditi da Milanoviću pomogne odluka Ustavnog suda

ZORAN Milanović svojim je političkim...