Посебен преглед за станиците за технички преглед

Колумна на Пеце Лозанов:

 Што се поминува низ станиците за технички преглед? За тоа е доволно да наведеме податок дека возниот парк низ земјата е доста стар. И Европската асоцијација на производители на автомобили ја прикажа Македонија на дното со просечната старост на автомобилите од 19,3 години. Тогаш, може да се замисли какви се автомобили доаѓаат во станиците за технички преглед и од каде излегуваат со дозволи да се вклучат во сообраќајот. А дали се секогаш и технички исправни, посебно е прашање. За тоа доволно зборуваат тешките сообраќајни несреќи во кои учествуваат автобуси и други возила кои „поминале на технички прегледи“.

Сведоци сме дека во земјава имаме и се поголем број на станици за технички преглед. Конкуренцијата и желбата да се учествува и во овој бизнис си го прават своето. Но, со зголемување на бројот на станици за технички преглед потребно е подигнување на критериумот како на вработените така и начинот и постапката на испитување на моторните возила, процес низ кој поминуваа и најразвиените земји. Зошто тука не црпиме странски искуства?

Во станиците за технички преглед е потребен зголемен критериум во однос на целокупната апаратура со која располагаат во овој момент. Кога сме веќе кај апаратурата може ли дигитализација и мрежно поврзување на сите станици за технички преглед заедно со Министерство за внатрешни работи во еден систем? Тоа би придонело на сите неисправни возила кога е запишан записник за одредена неисправност во кој и да било станица за технички преглед да отиде, а таа неисправност се појавува, да биде воочлива за секој контролор кој ќе ја согледа таа неисправност. Тогаш тој контролор ќе реши тоа возилот да не може да биде пропуштено во сообраќај се додека не се поправи конкретната неисправност. Само на таков начин станиците за технички преглед ќе ја имаат својата вистинска функција – на патиштата да имаме исправни возила и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Но, основно е тоа на улиците да се имаат што понови возила со кои ќе биде подобра и безбедноста во сообраќајот. Но дали според македонскиот стандард може секој да си го дозволи? Како да го подобриме возниот парк? Дали во овој момент може државата да придонесе на зајакнување на нивото, преку субвенционирање на одредени возила со одредена сума за време на регистрацијата, а со тоа да ги натераме физичките и/или правните лица да користат нови или еко возила, бенефит за вработените и за самите работодавачи. Дали знаете дека сме единствени без субвенции на еко возила!?

Премногу прашања без одговори, но од негде мора да се започне.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ