Клуб од БиХ договори играч на Охрид, а сака и македонски тренер!

Иако лигата во БиХ не е на ниво како македонската лига, сепак, босанските клубови вложуваат големи напори да се подобрат, да донесат квалитетни странски играчи, но и да станат примамливи за искусни тренери.

Босанскиот клуб Искра од Бугојно, клуб кој го задржа суперлигашкиот статус за новата сезона и клуб во кој настапуваше голманот на Бутел Скопје, Александар Стојаноски, фрли око на двајца екс играчи на Охрид, но и на македонски тренер.

Kлубот од Бугојно веќе го договори репрезентативецот на Грузија, Хазеин Рустамов. Тој веќе е на пат за БиХ каде треба да му се приклучи на новиот клуб. На листата на желби на Искра е и турскиот репрезентативец Ерај Каракоч кој исто така има договор со Охрид.

Рустамов минатата сезона го носеше дресот на Охрид, додека Каракоч покрај езерото пристигна во вториот дел од сезоната. За Рустамов беше заинтересирана и Струга, но понудата од БиХ била подобра и финасиски повисока.

Освен за двајцата споменати ракометари, интерес од Искра Бугојно постои и за поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Андоновски. Искусниот стратег, кој во минатата сезона се врати во неговиот матичен Охрид и со своите тогашни избраници заврши на 5. позиција во плеј-оф фазата, е голема желба на босанскиот суперлигаш. Андоновски кој е поранешен репрезентативец на Македонија, беше тренер и во Тиквеш каде исто така имаше одлични резултати.

Во БиХ ќе настапува поранешниот младински репрезентативец Дарио Петровски. Битолчанецот од Италија се пресели во редовите на Коњух, додека во минатато во босанскиот шампионат освен Александар Стојаноски настапуваше и поранешниот голман Јане Цветкоски и некогашниот десен бек на Пролет, Марио Лефковски.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Француски документарен филм за конфискуваната колонијална уметност е победник на Берлиналето

Добитник на Златната мечка за најдобар филм на овогодинешното...

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

– Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички –...

Големо невреме зафати делови од БиХ – училишта и болници останаа без покриви

Силно невреме придружено со силен ветер во текот на...

Димитриевски: ЗНАМ нема да поддржи избор на претседател во Собранието

Вакви барања секогаш доаѓаат во предизборен период, и наводно...